28 март, 2024
ПочетнаДИЕТИ3 килограми помалку за само една недела

3 килограми помалку за само една недела

63597_shutterstock-125429075_630x0

Слатко и вкусно, а воедно го забрзува и вашиот метаболизам и помага при слабеењето. Што повеќе може да посакате? Ако сакате да изгубите и до 3 килограми неделно, дури и кога спиете, диетата со мед е вистинскиот избор за вас.

Заборавете на штетниот рафиниран шеќер и заменете го со природен мед. Основна намера на оваа диета е вашиот организам да престане да бара шеќер.

Со само неколку совети ќе постигнете ефикасност во согорувањето на мастите и ќе внесете здрави навики во животот. Исто така, она што ќе ве натера да ја промените ситуацијата во своја корист е само една чаша млака вода со лажичка мед.

 

Што смеете да јадете:

Правило 1: Заменете го шеќерот со мед

Постојат многу докази покажуваат дека виновник за натрупување на салото не се само мастите туку и шеќерот. Исфрлете ги сите шеќери и употребувајте го медот како алтернатива. Денот треба да ви започнува со чаша млака вода и лажичка мед. Во појадокот може да вметнете и интегрално пециво со мед. Не заборавајте, половина час пред да си легнете, повторете го овој процес!

 

Правило 2: Изберете нерафинирани јагленохидрати

Интегрален леб, тестенини и интегрален ориз се состојки богати со влакна и тие поттикнуваат подобро варење. Ако сакате да имате чувство на ситост, вметнете протеини и многу зеленчук во вашите оброци.

50242_shutterstock-156284285_630x0 (1)

Правило 3: Внесувајте протеини

Јадете риба на жар, пилешко без кожа, свинско месо, говедско месо, јајца. .. Овие намирници ќе ве одржат сити и ќе ја намалат вашата потреба за внос на шеќери во организмот.

 

Правило 4: Салата, зеленчук, овошје

Не постои правило кај оваа диета кое ќе ви ограничи колкаво количество на салата може да изедете. Изедете барем две овошки дневно. Исто така, консумирајте јогурт, свежо сирење и млеко.

 

Забрането:

– Брза храна, чипс, грицки, колачи, газирани пијалоци, пржена храна, преработена храна и слично.

– Изберете еден ден во неделата и во тој ден исфрлете ги јагленохидратите целосно.

– Со оваа диета заборавете на компирот во било каков облик.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП