5 јули, 2025
ПочетнаХОРОСКОПВикенд хороскоп 05-06.07.2025

Викенд хороскоп 05-06.07.2025

oven1

Овен (21.03 – 20.04)

Одвојте малку време за вашето семејство, помогнете им на блиските да поминат преку препреките кои им се поставени, викендов ќе ви биде таков. Ќе работите повеќе за другите отколку за себе. На крајот ќе бидете среќни, исполнети и задоволни.

bik1

Бик (21.04 – 21.05)

Можеби вашата претерана независност вам ви се допаѓа, но на вашиот партнер тоа му оди на нерви. Поразговарајте со него во врска со тоа и заедно најдете некакво решение. Викендот поминете го со своето семејство и со најблиските.

bliznaci1

Близнаци (22.05 – 22.06)

Планирате нешто што на повеќето околу вас не им се допаѓа, можно е некој бурно да реагира на тоа. Ве очекува период во кој се почесто ќе имате кавги со вашата најблиска околина. Побарајте помош за решавање на кризата, нека биде тоа од некоја Шкорпија.

rak1

Рак (22.06 – 22.07)

Време е да бидете помалку тврдоглави во односот со вашиот партнер, попуштете и задоволете ги неговите потреби. Со широката насмевка на лицето за време на викендот, ќе ви се отворат многу врати. Ќе запознаете интересни пријатели кои можат да ви помогнат и на деловен план.

lav1

Лав (23.07 – 22.08)

Немојте да се изненадите доколку им се допаднете на некои непознати. Доколку сте во врска, ќе доживеете нови искуства во неа, а доколку сте слободни, најверојатно ќе запознаете интересна личност. Работните обврски сте ги запоставиле, внимавајте можно е да бидете казнети.

devica1

Девица (23.08 – 22.09)

Во љубовниот живот посакувате некои нови и повесели случувања. Смислено го избирате вистинскиот момент да ги оставрите своите намери или на саканата личност да и соопштите важни планови. Сакате да воспоставите подобра котрола над новите случувања во љубовниот однос.

vaga1

Вага (23.09 – 22.10)

Сметате дека сте ги победиле сите непријатели и веќе ништо не ви стои на патот на успехот. Во моментов сте во право, но не очекувајте ситуацијата да потрае. Можеби непријателот само се притаил за подобро да го испланира следниот чекор. Доколку сте слободни, викендов може да сретнете една личност од минатото.

shkorpija1

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Ќе располагате со малку енргија, но сепак ќе бидете мирни и ќе имате добар однос со претпоставените. Викендот е поволен за деловни контакти и деловни зделки, но не и за голема заработувачка. Финансиската состојба не ви е најдобра.

strelec1

Стрелец (22.11 – 21.12)

Ви се нудат одлични можности за развој на менталните и физичките способности. Колку ќе успеете да ги искористите – дискутабилно е. Многу да внимавате во проценките на ситуациите и луѓето бидејќи се можни измами од страна.

jarec1

Јарец (22.12 – 20.01)

Подготвеноста да преземете ризик ќе ви се исплати, посебно доколку сакате да започнете сопствен бизнис или да го проширите постоечкиот. Преземете се што треба за да ја свртите ситуацијата во ваша корист. Некоја Вага ќе ви подаде рака за помош.

vodolija1

Водолија (21.01 – 19.02)

Овој викенд е одличен за опуштање и релаксација на умот. Ќе треба да внимавате на финансиите и односот со соработниците и колегите. Тие очекуваат голема поддршка од вас, затоа немојте да го повишувате тонот доколку некој погрешил.

riba1

Риби (20.02 – 20.03)

Овој викенд ќе ви донесе нова енергија и надеж за работа и штедење на финансиски средства. Пријателите ќе ве поканат на масата за искрени разговори, кажете им што мислите, тие знаат да ги ценат вашите одлуки. Внимавајте на здравјето, премногу консумирате нездрави намирници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар