6 јули, 2025
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАНаскоро четботови први ќе ви испраќаат пораки

Наскоро четботови први ќе ви испраќаат пораки

„Meta“ тестира четботови базирани на вештачка интелигенција кои ќе бидат првите што ќе испраќаат приватни пораки до корисниците на „Facebook“, „Instagram“ и „WhatsApp“.

Како што објавува „Tech Crunch“, сосема е можно корисниците на овие социјални мрежи во одреден момент да добијат непосакувана приватна порака од четбот наречен „Маестро на филмската магија“ кој ќе го праша корисникот дали бил воодушевен од одредени мелодии во филмовите и ќе му понуди да препорача програма за филмска вечер.

Доколку корисникот не одговори на првиот обид за комуникација, четботовите нема да испраќаат дополнителни пораки, вели компанијата.

„Meta“ потврди дека пораките можат да се испраќаат само во рок од 14 дена од претходниот разговор и само ако корисникот веќе разменил најмалку пет пораки со четботот.

Зад сето тоа стои комерцијален интерес. „Meta“ очекува нејзините генеративна вештачка интелигенција да генерираат приходи од 2 до 3 милијарди долари во 2025-та година, зголемувајќи се на повеќе од 1,4 трилиони долари до 2035-та година.

Приходите ќе се генерираат првенствено преку лиценцирање на моделот „Llama“ на „Meta“ на партнерите и идно рекламирање во разговорите со четбот.

Компанијата одби да коментира кога и како планира да вметне рекламирање во разговорите со четбот, но поднесоците укажуваат дека се разгледуваат и спонзорирани одговори и претплати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар