Диетата со суви сливи спаѓа во групата на „брзи“ и „кратки “ диети – односно оние диети кои се користат само неколку дена по потреба (кога омилената гардероба ви се „намалила“ за еден конфекциски број, а се приближува важен настан каде што мора да изгледате тип – топ колку е тоа можно).
Значи, ова е популарна диета за оние кои сакаат да се ослободат од 2-3 килограми за неколку дена. Прилично е едноставна и…досадна. Видете и сами :
Појадок: 6 суви сливи
Ужина: 1 јаболко
Ручек: 1 варено јајце и 1 виршла
Ужина: исто како ручек
Вечера: чаша јогурт
Додатни препораки:
Се препорачува само на потполно здрави лица и тоа за период не поголем од 3 – 5 дена. При држењето на оваа диета задолжителна е секојдневната физичка активност во траење од најмалку 15 – 20 минути. Ако правилно се спроведува, се губи околу 1 кг дневно.