18 мај, 2024
ПочетнаХОРОСКОПВикенд хороскоп 04-05.05.2024

Викенд хороскоп 04-05.05.2024

Овен (21.03 – 20.04)

Ве мотивираат погрешни нешта, поради кои во иднина ќе имате проблем. Финансиската ситуација која веќе е сложена во блиска иднина ќе биде уште потешка, бидејќи постои можност да ја загубите работата.

Бик (21.04 – 21.05)

Викендов ќе сретнете еден колега од студентските денови. Со него ќе се вратите во некои минати времиња и ќе се потсетите на некои тајни што сте ги делеле. Попладневните часови ќе ги поминувате со најблиските.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Овој викенд внимавајте како се однесувате кон најблиските. Можно е да дојдете во конфликт со еден од нив и тоа без поголема причина. Се чувствувате вознемирено и нема да избирате зборови.

Рак (22.06 – 22.07)

Викендот ќе ви биде исполнет со смеа и изненадувања, работните обврски ќе ги извршувате брзо и дури ќе можете и порано да го напуштите работното место. Во семејството исто така ќе владее хармонија. Ве очекува изненадување кое ќе ви го промени размислувањето и животот.

Лав (23.07 – 22.08)

Постои опасност да се скарате со некоја драга личност, затоа не претерувајте туку послушајте го нејзиниот совет. Ќе се влучите во некоја организација во која ви претстои успех како во полето на кариерата така и во љубовта.

Девица (23.08 – 22.09)

Одличен викенд, работите се подобро ви напредуваат. Комуникациите ќе ви бидат се поуспешни. Добро ви се аспектирани и односите со претпоставените, па затоа периодов е поволен за реализирање на некои поважни разговори за кои сте чекале погоден момент.

Вага (23.09 – 22.10)

Се повеќе планети ви се наклонети и ќе бидете се порасположени и подруштвени. Одлично ви се аспектирани подолготрајните работи, а вашиот статус во работата станува се постабилен, но сеуште не треба да се надевате на признанието кое го очекувате.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Не ве очекуваат многу возбудувања, па затоа ќе можете да се посветите на вашите обврски. Во овој момент ќе немате изразени неповолни аспекти што значи дека ќе можете да ги искористите вашите предности. Емоционално ќе бидете многу задоволни и пред вас е стабилен викенд.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Барате разни начини да добиете финансиска слобода но ниеден не ви се чини доволно добар. Дури размислувате и да вложите поголема сума во игрите на среќа. За ваша среќа во моментов немате храброст, а и немате многу опции. Внимавајте, периодот кој следи воопшто не е погоден за ризикување.

Јарец (22.12 – 20.01)

Вие не можете да се пожалите од тоа што ви го нуди животот во моментов. Викендов ќе биде еден од оние убави периоди во кој ќе се чувствувате кралски. Толку сте обземени сами со себе па нема ни да забележите дека парнерот ви е лут за некои постапки.

Водолија (21.01 – 19.02)

Овој викенд ќе бидете емотивни и ќе имате потреба да го задоволите семејството. Ќе сфатите дека одамна не сте се однесувале пријателски и дека ви недостига разговор со нив.

Риби (20.02 – 20.03)

Имате многу пријатели но исто толку и непријатели. Првиот ден од викендот ќе го поминете во телефонски разговори со соработниците. Заедно со нив ќе се обидете да откриете кој стои зад проблемите кои моментално ги имате. Не искажувајте ја љубовта преку купување скапи подароци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП