Кога се споменуваат протеините, повеќето веднаш помислуваат на јајцата, но постојат намирници кои имаат повеќе протеини од нив.
Сакате оброк богат со протеини, но не ви се јаде месо или јајца. Ви предложуваме пет намирници, богати со протеини кои сигурно ќе го збогатат вашиот оброк.
Сушена спирулина
Рибата не е единствената храна од морињата и океаните која е богата со протеини. Само две лажици од оваа сушена алга содржат неверојатни осум грама протеини, и само 40 калории. Спирулината можете да ја ставите во салатата, или да ја употребите со сезонски печениот зеленчук.
Печена соја
Една четвртина шолја од оваа ужина содржи 15 грама протеини, но и многу влакна и калиум.
Јогурт
Кога станува збор за протеините, една чаша обичен обезмастен јогурт содржи 17 гр протеини и 100 калории.
Кашкавал Грујер
Само 30 грама од овој швајцарски кашкавал содржат повеќе од осум грама протеини. Но доколку водите сметка за килограмите, треба да ви биде јасно дека во 30 грама кашкавал има 117 калории.
Сушени семки од тиква
Семките од тиква се познати како богат извор на магнезиумот, но тие исто така се и богат извор на протеини, тие содржат 10 гр во една четвртина шоља.