20 април, 2024
ПочетнаДИЕТИАнанас диета

Ананас диета

ananas (1)rfg54y

Летни асоцијации: сонце, плажи, костими за капење… и секако, вишок на килогарми кои се насобрале во текот на месеците со неактивности и кои сега летната гардероба безмилосно ги открива! Прилично непријатно, зарем не ?

За овој вишок што поскоро да го снема (или барем да се сведе на „разумна“ мерка) ви предлагаме една стара добра диета – малку прилагодена на денешното време. Прилагодувањата се плод од искуството на стотици илјади практичари кои со оваа диета лесно и брзо ја доведоа линијата во ред во овие „критични“ месеци кога се излегува на виделина. И затоа, нема друго, време е за ананас диетата!

 

Ананас диета – основи

Постојат неколку варијанти од ананас диетата, а најгрубата поделба е онаа каде се користи свеж ананас и слична диета каде се користи ананас од конзерви. Бидејќи свежиот ананас е побогат со хранливи материи (одличен извор на поголем број витамини и минерали како и ензими кои го потикнуваат варењето, работата на бубрезите како и санирањето на разни воспаленија) – а покрај сето тоа има само 46 калории во 100 гр – се решивме за една брза диета со свеж ананас каде што без проблеми се губат 3 килогарми за само 5 дена! Циклусите од по 5 дена може да се повторуваат, а генерален совет е после 30 дена да се направи кратка пауза.

 

Пример на мени за непарни денови (прв, трети и петти ден од дитета)

Појадок: парче свеж анананас и шоља чај без шеќер, јогурт со намалена масленост (2 дцл)со лажца мусли.

Ручек: супа од зеленчук со лажица варени мелени житарки (може да се користи некоја од следните житарки по избор: ориз, пченица, јачмен, пченка, просо и овес), обарен сезонски зеленчук (нема ограничувања во големината на порцијата), парче свеж ананас.

Ужина: шоља зелен чај без шеќер, парче свеж ананас.

Вечера: 200 гр риба (печена во фолија), салата (морков, пиперка, домати…), парче свеж ананас.

 Ananas

Пример на мени за парни денови (втор и четврти ден од диетата)

Појадок: чаша свежо исцеден сок (ананас, киви, портокал

Ручек: 180 гр пилешко (или мисиркино) месо печено во рерна, зеленчук печен на плотна или во тава без или со многу малку масло, на пример печени модри патлиџани, 2 парчиња интегрален двопек и парче свеж ананас.

Ужина: парче свеж ананас и 2 дцл јогурт со намалена масленост.

Вечера:  супа од зеленчук (тиквички, моркови, брокула,целер …), тврдо варено јајце, салата од свеж спанаќ, и секако, парче свеж ананас.

 

Заклучок

Ананас диетата е вистински избор за брза диета за летните месеци и со неа не само дека ќе намалите неколку килограми во еден циклус туку и ќе го прочистите организмот. Освен тоа, должината на самата диета (само 5 дена) ви овозможува да ја организирате според своите потреби (на пример можете да држите 2 – 3 пати месечно кога ви одговара). Исто така, диетата е богата со хранливи материи па не треба да се грижите дека ќе имате недостиг од нив. Можеби, единствена замерка е прилично нискиот калориски внес (просечно 800 калории по ден) но тоа може да го корегирате со мало зголемување на количината и видот на јогурт кој го конзумирате (земете по масен), како и со количината на протеини (пилешко, мисиркино, риба) каде што можете да ја зголемите големината на порцијата и до 25 проценти.

Се на се, згодна летна диета за намалување на не претерано голем вишок на килограми од пасивните месеци. Оваа диета дефинитивно вреди да се проба па нека биде тоа и само еден петдневен циклус.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП