Само оваа среда на 4 јуни, од 10.30 до 14.30 часот, Скопје ќе добие нова еднодневна и уникатна автобуска линија за млади!
ЈСП пушта вонредна линија што не само што ќе ве однесе до посакуваната дестинација, туку ќе понуди и необично искуство. Се тргнува од Студентскиот дом „Гоце Делчев“, се кружи низ градот со постојки на најактивните младински точки (ФИНКИ, Архитектонски, Пошта, Рекорд, УКИМ, Капитол, Пелагонија…) и се враќа назад. На оваа уникатна, one in a lifetime, тура ќе има многу изненадувања, ќе има добар вајб и нешто што не смееш да го пропуштиш.


