5 јуни, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕБОР ја зајакнува поддршката за зелени инвестиции во земјата

ЕБОР ја зајакнува поддршката за зелени инвестиции во земјата

Кредит од ЕУР 4,5 милиони за Шпаркасе АД Скопје

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) овозможи поддршка за зелено финансирање, преку нови средства за Шпаркасе банка АД Скопје.

Кредитот на ЕБОР во износ од ЕУР 4.5 милиони под Програмата за зелено финансирање ќе овозможи пристап до финансирање на инвестиции во локалните мали и средни претпријатија (МСП) кои се квалификуваат за поддршка, во технологии од обновлива енергија и енергетска ефикасност, во насока на поддршка на зелената и инклузивната економска транзиција на приватниот сектор во Северна Македонија.

Програмата за зелено финансирање е заедничка програма со Обединетите Нации, финансирана од Заедничкиот фонд за раст и одржлив развој на ОН, Владата на Северна Македонија, ЕБОР и локалните финансиски институции со поддршка на Резидентниот координатор на Обединети Нации во Северна Македонија. Со потпишувањето на ова финансирање, целата сума од Програмата за зелено финансирање (Green Finance Facility – GFF), во износ од ЕУР 29 милиони ќе бидат распоредени на локалните банки, со што ќе се потврди успешноста на овој продукт.

Оваа заедничка програма пружа поддршка до достапно зелено финансирање за МСП и пазарни, но не доволно покриени групи на поединци/ домаќинства за инвестиции во обновливи извори на енергија и решенија за енергетска ефикасност, кои придонесуваат во намалување на емисиите на стакленички гасови и загадување на воздухот во земјата.

Договорот за кредит беше потпишан од Александра Вукосављевиќ, Директор, Финансиски институции, Западен Балкан и Источна Европа, ЕБОР и госпоѓа Нина Неданоска, Заменик Претседател на Управниот Одбор на Шпаркасе банка АД Скопје.

Александра Вукосављевиќ изјави: ,,Овој кредит под Програмата за зелено финансирање ја потврдува нашата силна посветеност за поддршка на малите и средни претпријатија во нивната транзиција кон обновлива енергија и решенија за енергетска ефикасност. Ми претставува особено задоволство што ја прошируваме соработката со Шпаркасе банка преку овој производ. Со ова, целиот износ од ЕУР29 милиони, ќе биде распореден на локалните банки, потврдувајќи ја релевантноста на овој продукт на македонскиот пазар. Преку проширување на пристапот до одржливо финансирање, се стремиме кон забрзување на зелената и инклузивната економска транзиција-зајакнувајќи ги деловните активности на локалните претпријатија, истовремено придонесувајќи во борбата против климатските промени.”

,,Со големо задоволство го потпишуваме третиот договор меѓу Шпаркасе Банка и ЕБОР, во рамки на Green Finance Facility, продолжувајќи ја нашата посветеност кон поддршка на микро, малите и средни компании во нивната транзиција кон зелена економија. Како пазарен лидер во зелено финансирање со 40% пазарно учество, нашата стратешка определба е да им помагаме на компаниите во инвестирање во одржливи проекти, со што директно придонесуваме кон раззеленување на македонската економија. Истовремено, активно работиме на кревање на свесноста за значењето на инвестициите во енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија. Веруваме дека ова е чекор напред кон одржлив и конкурентен бизнис сектор“, изјави г-ѓа Нина Неданоска, Заменик Претседател на Управен Одбор на Шпаркасе Банка.

Шпаркасе Банка АД Скопје е една од петте најголеми банки во Северна Македонија и е лидер на пазарот во зеленото финансирање, со 40% пазарно учество и кредитирање во износ над 120 милиони евра.ЕБОР има инвестирано повеќе од ЕУР 2.9 милијарди во 198 проекти во Северна Македонија, од почетокот на работењето во земјата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП