28 март, 2024
ПочетнаДИЕТИДиета за согорување на мастите

Диета за согорување на мастите

sogoruvanjemastifj4389u0349ufr

Клиничкиот нутриционист Џеј Роб боледувал од реактивна хипогликемија. Борбен по природа, одлучил да се бори со ова пореметување и како резултат на тоа настанала диетата „Fat Burning”(диета за согорување на мастите). Оваа диета се покажала како успешно средство за стабилизирање на нивото на шеќерот во крвта и регулирање на телесната тежина.

Самиот автор кажува дека немал намера да пишува книга за намалување на килограмите туку за зголемување на енергијата. Сепак ,се покажало, дека на оние кои се на оваа диета не само што им се подига вкупниотo ниво на енергиjа туку почнуваат да губат и од тежината – бидејќи енергетската потрошувачка се зголемува!

Основи на диетата

Роб објаснува дека вообичаената диета со малку јаглехидрати може да даде брзи резултати кои се често поврзани со додатни непријатности. Во прв момент тоа е заморот а на подолги патеки оваа диета може да се поврзе и со одредени здравствени ризици. И затоа негов совет е да се прават своевидни цилкуси во кои ќе бидат застапени и ниско и високо јаглехидратни денови. Просто кажано, еден ден се јадат намирници со ниска содржина на јаглехидтрати а утредента оние со висока содржина.

Негови препораки се секој ден да се конзумираат три оброка. Еднаш неделно постои таканаречен слободен оброк ,каде може да се јаде апсолутно се, но само во текот на еден час.

Диетата се темели на концептот дека треба да се создадат такви услови телото само да го изгори салото, како да е тоа примарен извор на енергија. Роб објаснува дека со наизменични ниски и високи јаглехидратни денови го манипулира метаболизмот на гликогенот и дека со помош на овој трик телото не складира вишок на маснотии.

Роб исто така дава дванаесет разни вариации на структурата на исхраната, кои се дизјнирани така да им одговараат на специфичните цели.

Препорачана храна

Роб дава совети за тоа како да се изберат намирници кои се извор на добри јаглехидрати. Тој кажува дека погрешните јаглехидрати се главна причина за замор и може да создадат поспаност по јадењето.

Препорачани јаглехидрати се: компир, бел и интегрален ориз, тестенини, пченка, леб од целовито пченично зрно и овошје.

Тој исто така, ја нагласува важноста на квалитетните протеини и на здравите масти. Доволна количина протеини во секој оброк е клучот за одржување на нивото на гликоза во крвта и рамномерно снабдување на телото со енергија во текот на целиот ден.

 

Пример на мени

 

Ден со мала количина јаглехидрати

Појадок

Омлет од белки, сирење и ситно сецкан зеленчук

Ручек

Голема салата од туна,с езонки зеленчук и маслиново масло (1 лажица)

Вечера

Немасно говедско месо со сос од брокули и кикирики

 

Ден со голема количина јаглено хидрати

Појадок

Овошна салата и јогурт

Тост од интегрален леб со мед

Ручек

Мисиркини гради со печен компир

Зелена салата со прелив со малку маснотии

Вечера

Пилешки гради, тестенини од интегрални житарки и печени тиквички

Десерт

Свежо овошје

 

Препораки за вежбање

Роб препорачува одење и тренинг со тегови за зголемување на силата на мускулите и на метаболизмот. Вежбите кај кои се применува некој вид на отпор се исто така корисни.

 

Зошто да се избере оваа диета:

– Добра е за оние кои не сакаат да се откажат од јаглехидратите, но сакаат да ги искористат предностите на диетата со малку јаглехидрати.

– Може да помогне во намалувањето на потребите за храна и од зависноста од јаглехидрати. Може да помогне во регулирањето на хипогликемијата.

– Еднаш неделно „слободниот оброк“ може да помогне во намалувањето на стресот –чувството дека сте на строга диета.

– Може да се прилагоди на вегетаријанците.

– Оваа диета става акцент на квалитетните намирници.

 

Лоши страни на диетата:

– Доста ограничувачки план посебно во денот со мала количина јаглено хидрати.

– Може да бара повеќе трошоци и време за подготовка затоа што храната не е обработена.

– Поединци на оваа диета може да имаат потешкотии во одржување на контролата после „слободниот“ оброк.

 

Заклучок:

– Оваа диета бара одреден степен на дисцплинираност од тој кој ја применува, но со упорност и истрајност може да се решат проблемите на намалената енергија и метаболизамот.

– Посебно се препорачува на лица кои имаат добри резултати при примената на диети со мала количина јаглехидрати но им е тешко да ја спроведуваат. Можноста да може да се јадат доста јаглехидрати секој втор ден дава психолошка и физиолошка предност и ја зголемува веројатноста на успехот на самата диета.

– Постојат и евидентирани податоци дека со оваа диета се губат околу 7 – 8 килограми месечно а исто така, покрај регулирањето на шеќерот во крвта се регулира и крвниот притисок и тоа во значајна мерка (на лица со просечен крвен притисок 150/100 им требало околу три месеци за да го достигнат нормалниот притисок 120/80).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП