24 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕТри начини како да се победи пролетниот замор

Три начини како да се победи пролетниот замор

poiuy

Со првите пролетни денови вообичаено чувствуваме карактеристичен замор, кој понекогаш не тера на спиење, а најчесто има врска со циркулацијата, тврдат научниците.

Телото е се уште поспано, со вишок килограми и маснотии, кои сме ги наталожиле во текот на зимата, па затоа е важно да ги забрзаме метаболизмот и циркулацијата, советуваат експертите.

1. Утринското туширање е добра навика и треба да се применува. Најдобро е да се освежите по вежбањето, а пред појадокот. Туширајте се наизменично со топла и студена вода, бидејќи тоа ги зајакнува крвните садови и го стимулира струењето на крвта.

2. Силен и не премногу солен појадок ќе ви даде доволно енергија на почетокот на денот. Солта го зголемува крвниот притисок, па доколку имате проблем со него конзумирајте го во минимални количини.

3. Имајќи предвид дека крвниот притисок е најнизок во првиот час по јадењето, избегнувајте обилни оброци, нека бидат помали и почести. На тој начин ќе ги избегнете заморот и поспаноста по јадењето. Се разбира, избегнувајте алкохол бидејќи лошо влијае на нервниот систем и ги стеснува крвните садови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП