Одредени намирници имаат силен термогенетички ефект, што всушност помага за подобро согорување на калориите.
Цели зрна
Храната која е богата со влакна како овесот или оризот, двојно побрзо согорува калории отколку процесираните намирници.
Бело месо
Со јадењето на бело месо ќе согорите 30 проценти од калориите кои намирницата ги содржи и тоа за време на процесот на варење. На пример, со консумирање на пилешки гради од 300 калории ќе согорете 90 калории уште при текот на варењето.
Млечни производи со ниска масленост
Богати се со калциум и витамин Д, придонесуваат за изградба на мускулна маса и се есенцијални за одржување на силен метаболизам.
Зелен чај
Пиењето на четири шолји зелен чај дневно ќе ви помогне да намалите повеќе од три килограми за осум недели.
Леќа
Една шолја леќа содржи 35 проценти од потребниот дневен внес на железо. Недостатокот на железо прави метабилозмот да се успори, бидејќи телото не го добива она што му е потребно за да работи ефикасно.
Лути пиперчиња
Капсицин, односно состојката која им дава шмек на лутите пиперчиња, го загрева вашето тело, што дополнително согорува калории. Ист ефект може да постигнете и со јадењето на сирови, варени, сушени или пиперки во прав. Додадете што повеќе лути сосови во вашата супа, месото, јајцата и салатите.