18 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАВо близина на кратер од астероидот кој ги уби диносаурусите пронајдена дупка...

Во близина на кратер од астероидот кој ги уби диносаурусите пронајдена дупка „без дно“(ВИДЕО)

На дното на океанот има мистериозна дупка толку длабока што научниците до сега не успеале да го пронајдат нејзиното дно. Оваа „бескрајна“ бездна ја освои титулата најдлабока сина дупка во светот, надминувајќи ја Змејската дупка во Јужното Кинеско Море, длабока 300 метри.

Сината дупка Таам Ја на југоисточниот брег на Мексико е повеќе од 100 метри подлабока од Змејската дупка. Кога се гледа одозгора, бездната со дијаметар од 150 метри наликува на зеница на окото, додека околното сино море наликува на ирис. Таам Ја се крие во заливот на полуостровот Јукатан на границата со Белизе. Толку е длабок што ни звукот не може да отскокне од неговото дно. Имено, при мерењето, Таам Ја’ ги „голтал“ звуците на акустичните бранови пред да успеат да навлезат подлабоко од 274 метри.

Со цел да се реши мистеријата за длабочината на оваа бездна, во 2023 година, научниците од мексиканскиот институт El Colegio de la Frontera Sur (ECOSUR) испуштија кабел во дупката со инструмент кој го мери притисокот, температурата и спроводливоста на водата. Меѓутоа, кога сите 500 метри кабел беа одмотани, уредот сè уште не го допрел дното.

Бидејќи карпите на работ на сината дупка Таам Ја се спуштаат под благ агол, уредот завршил на 420 метри под нивото на морето. „Сè уште не сме го допреле дното“, напишале експертите на ECOSUR, додавајќи дека имаат намера да испратат подводен робот за време на следната експедиција кој би можел да го доведе инструментот уште подлабоко.

Кога уредот достигнал длабочина од 400 метри, податоците покажале дека условите на водата наеднаш се промениле и се приближиле на оние на Карипското Море; веројатно затоа што во дупката има тунел што го поврзува со океанот, пишува Science Alert.

Јукатан е познат по својата геологија која наликува на швајцарско сирење. Има 10.000 длабнатини исполнети со свежа вода и огромен лавиринт од подземни пештери и подводни реки. Со оглед на тоа што кратерот Чиксулуб е опкружен со голема група на вртлози, научниците веруваат дека денешната необична геологија на регионот била под влијание на удар на астероид кој ги убил диносаурусите.

Имено, кратерот е создаден пред повеќе од 66 милиони години кога голем астероид со дијаметар од околу десет километри удри во Земјата. Се проценува дека Chicxulub е со дијаметар помеѓу 180 и 200 километри и длабочина од околу 20 километри.

Различни екосистеми се пронајдени во дупките и покрај недостатокот на светлина и ниските нивоа на кислород. Додека ги истражувале сините дупки ширум светот, биолозите наишле на сосема нови форми на живот. „Интересен биодиверзитет може да се најде во длабочините на Таам Ја“, велат научниците од ECOSUR.

Истражувањето, насловено како Recent records of thermohaline profiles and water depth in the Taam ja’ Blue Hole (Chetumal Bay, Mexico), беше објавено во списанието Frontiers in Marine Science.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП