Најновиот хит кој денешните нутриционисти го препорачуваат е мешавина од кафе и брокула.
За предностите на оваа мешавина пишува и нутриционистот од Њујорк, Синтија Сас.
Имено брокулата е богата со влакна кои заситуваат, но исто така таа изобилува со протеини кои се неопходни за нашето здравје.
Една статија објавена во “The Journal of Nutrition” во 2017-та година наведува дека оние кои се успешни во слабеењето имаат внесено голема количина на витамин Ц во организмот во однос на оние кои имаат проблем со губењето на тежината.
А рецептот е доста едноставен:
Исушете ја брокулата и направете ја во прав. Во секое кафе додавајте по една лажица од брокулата промешајте и со задоволство испите си го кафето, наздравје!