18 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕ8 намирници кои не треба да ги јадете пред спиење

8 намирници кои не треба да ги јадете пред спиење

49445_shutterstock-67252114_630x0

Не само што е лошо за вашата тежина да јадете навечер, лошо е и за спиењето и можна е појава на киселини доколку обилно се најадете. Лекарите препорачуваат да не внесувате ништо три часа пред заминувањето во кревет, а ако баш морате, тоа нека биде нешто лесно. Еве што никако не би смееле да се најадете или напиете пред спиење…

Алкохол

7987_shutterstock_49041349_630x0

Алкохолот го иритира дигестивниот тракт, особено делот кој го поврзува желудникот и хранопроводот, варењето е отежнато што автоматски доведува до киселини.

Газирано

67089_shutterstock-48487144_630x0

Ништо не е понепријатно за стомакот од газираните пијалоци. Ваквите сокови се вештачки покисели од било што друго, а оваа вештачка киселина му пречи на стомакот. Освен тоа, газираните пијалоци го зголемуваат притисокот во стомакот.

Мрсна храна

18199_shutterstock_60478618_630x0

Сите видови на прженици, масни нешта и сендвичи со преливи. Овде се вклучени и сладоледот, колачите, помфритот. Сето тоа е вистински кошмар за вашиот стомак.

Чоколадо

54847_profimedia0007471180_630x0

Чоколадото е богато со масти и содржи кофеин и теобромин кои прават хаос во стомакот.

Сирење и кашкавал

49445_shutterstock-67252114_630x0

Овие производи се богати со масти, тие ќе ви создадат киселини, особено ако станува збор за пржени кашкавали и сирења кои се сигурниот пат до силни киселини во текот на ноќта.

Јаткасти плодови

50517_shutterstock-128304251_630x0 (1)

Кога станува збор за киселините во стомакот, на нив најмногу влијаат мастите, без оглед дали се заситени или незаситени. Без оглед на тоа што јаткастите плодови се здрави, сепак тие имаат масти, и треба да ги избегнувате пред спиење.

Цитрусни плодови

30534_shutterstock_37377865_630x0

Цитрусите се кисели, џусот од овие овошја испиен пред спиење е ужасен избор.

Кафе

61481_shutterstock-73513816_630x0 (1)

Кофеинот создава кисела средина во стомакот, па затоа не треба да го консумирате пред спиење, без оглед дали кафето ви создава несоница или не.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП