19 април, 2024
ПочетнаДИЕТИЕкспресна млечна диета

Експресна млечна диета

mlechni-izvara

Млечната диета е препорачлива за луѓе кои сакаат млеко и млечни производи, како и мед и супа од зеленчук, бидејќи тоа се главните компоненти на диетата.

Млечната диета е ефикасна за луѓе кои сакаат да се ослободат од вишокот килограми, без притоа психички да се трауматизираат и да се истрошат со гладување.

Диетата се држи само за време на викендот, односно се започнува од петок навечер. Во останатите денови од неделата може да се консумира се, но во помали количини од вообичаеното. Треба да се избегнува месото и тестенините, дозволен е пченкарниот леб, пилешко месо без кожа и риба подготвена на пареа.

Млечната диета е корисна, бидејќи го снабдува организмот со многу витамини и корисни материи. Млекото содржи витамини А, Б, Ц и Е, а исто така содржи и калциум и протеини. Ако испиете еден литар млеко, ќе му ги обезбедите на организмот дневните потреби од протеини.

Mlecni-proizvodi-2

Слабеење

При млечната диета организмот се снабдува со потребните материи и не е лишен од многу нешта како во другите диети. Од големо значење е и фактот дека при млечната диета не се консумира само млеко.

Се препорачува во петокот вечерта да започнете со 200 милилитри обезмастен јогурт. Во саботата наутро појадокот се состои само од вода – литар и пол, која треба да испиете за два часа.

Млечна диета

По испиената вода во саботното утро следува следната програма….На ручек пиете една чаша млеко со една лажичка какао и една лажичка мед. Исто така треба да изедете половина литар супа од зеленчук.

Како ужинка се консумираат 200 милилитри јогурт со мед. Вечерата е составена од 200 грама риба или пилешко на пареа и чаша зелен зеленчук. Пред спиење се пијат 100 милилитри јогурт со една лажичка мед.

Во неделата појадокот е половина литар вода, чаша сок од грејпфрут, една чаша млеко со лажичка мед и лажичка какао.

Пред ручек се пие еден литар вода, а се пие по една чаша на секој половина час. Ручекот се состои од 200 грама пилешко или риба на пареа или печени во фолија и 200 грама салата со лимонов сок. За вечера треба да изедете салата од 200 грама, и пред спиење се пие една чаша млеко со мед.

Експрес млечна диета отстранува три килограми за три дена. Ефикасноста на млечната диета е докажана, но таа е апсолутно забранета за луѓе кои имаат нетолеранција на лактоза.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП