31 мај, 2025
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Realme“ подготвува телефон со џиновска батерија

„Realme“ подготвува телефон со џиновска батерија

„Realme“ го привлече вниманието на сите со својот прототип телефон со батерија од 10.000 mAh, а сега добиваме повеќе информации за овој модел.

Компанијата ја покажа технологијата за џиновски батерии пред неколку недели, но прескокна јавна демонстрација на промоцијата на „Realme GT 7“ во Париз. Сепак, потпретседателот и директор за маркетинг на realme потврди дека телефон со батерија од 10.000 mAh е во фаза на изработка.

Во разговор за „Android Headlines“, тој нагласи дека сè уште нема конкретен временски рок, но дека „Realme“ работи на испраќање на ова „чудовиште“ на пазарот откако ќе се решат некои големи пречки. Во моментов, знаеме дека „Realme“ ќе претстави телефон со батерија од 7.500 mAh подоцна оваа година, што е неверојатни 1.000 mAh повеќе од „GT 7 Pro“.

Што го спречува „Realme“ да претстави телефон со батерија од 10.000 mAh? Просторот.

Силициум-јаглеродните батерии се потенки и погусти, но ако се од 10.000 mAh, ќе зафаќаат многу простор. Замислете да се обидувате да сместите батерија со таков капацитет во куќиште за телефон – таа би морала да стои до функции како што е телефото камерата. Потоа, тука е и проблемот со ладењето – поголемите батерии значат повеќе топлина, а никој не сака телефон кој е гломазен или постојано се загрева, според „Phandroid“.

„Realme“ веќе поднесе патенти, па ако технологијата на батерии продолжи да се развива со ова темпо, реално е наскоро да се очекува нивниот телефон со батерија од 10.000 mAh.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП