20 април, 2024
ПочетнаДИЕТИДИЕТА: Палео диета (за сите љубители на месо)

ДИЕТА: Палео диета (за сите љубители на месо)

140106125416-01-paleo-diet-0106-story-top

Палео диетата ја осмислил професорот Лорен Кордејн , а самата диета се темели на истражувањето за можната исхрана на нашите предци од периодот на палеолитот (Палеолит или старо камено доба е историски период коj трае од настанокот на човекот до 10.000 години п.н.е.)  Иако првите асоцијации на оваа диета се – големи количини месо – тоа сепак не значи дека треба да јадеме сирово месо и корења, но затоа избегнувајќи житарки, шеќери и разна преработена храна може да направат чуда, наведува Д- Кордејн. Концептот на Палео диетата се темели на тоа дека луѓето еволуирале милиони години пред неолитскиот период, кога исхраната поради земјоделството значително се променила. Авторот тврди дека житарките не биле дел од праисториската човекова исхрана, и дека се воведени во менито во времето на агрокултурната револуциjа пред 10.000 години.

Во изминатите 200 години индустриската револуција уште позначително ја променила нашата исхрана, а штетноста на вештачките адитиви кои го продолжуваат рокот на траење на производите како и на другите додатоци не се доведува во прашање. Сите овие промени значително му штетат на нашето здравје и се главен виновник за болестите на модерната цивилизација, вклучувајќи ја тука дебелината, дијабетесот, срцевите заболувања и ракот. Основните поставки на Палео диетата кажувааат дека би требало да јадеме онака како што тоа сме го правеле десетици иљади години порано, пред појавата на земјоделието и далеку пред индустријализацијата. Да споменеме и тоа дека Палео диетата е прилично популарна кај многубројните светски звезди и меѓу џет-сетот.

paelo-diet

Палео диета – основи

Во книгата „The Paleo Diet“ изнесени се тврдења дека човековата генетика најдобро е  прилагодена кон исхраната на нашите предци пред земјоделската револуција. Палео диетата се базиара на исхраната која им била достапна на луѓето во тоа време. Многу намирници се забранети. Накратко, тоа значи избегнување на сувомеснати јадења, потоа шеќери, сол, производи од житарки (леб, пченка, пченица, ориз, тестенини …) мешунки, млечни производи, квасец, кафе и алкохол. Компирот, сојата и пченката се посебно забранети поради тоа што тие денес се генетски и нутриционистчки модифициарани.

Иако во оваа диета се елиминирани житарките и преработените јагле хидрати, оваа диета е помалку ограничувачка од сличните диети, како што е на пример Аткинсовата диета, затоа што во неа повеќето овошја и зеленчуци се дозволени во неограничени количини.

Месото (вклучувајќи и морски плодови) и јајцата се можеби најважни компоненти на Палео диетата. Зеленчукот е дозволен освен гравот, компирот и мешунките. Печурките се дозволени.

Овошјето, јаткасто овошје и семките (освен кикириките) може да се комзумираат. Медот и сушеното овошје се дозволени во помали количини. Дозволени се само некои масла-ленено, маслионовото и масло од канола. Се препорачува земање на рибино масло во капсули. Од пијалоците – дозволена е водата и чајот, но и свежо цедени незасладени сокови во мали количини.

Препораките се да се јаде само квалитетна храна, да се отстрани се што е преработено или пристигнува во кутии. Непреработената, природна храна во вид на немасно месо, семки, овошје и зеленчук, без скроб, шеќер, млечните производи и машунките се Палео изборот. Тука се и некои задолжителни промени: замена на маслата, намалување на заситените масти и земање на прости шеќери и сол. Тоа можат сите да си го дозволат, а и продавниците се добро опремени со овие намирници.

 

Палео диета – дозволени намирници

Јајца, сите видови на месо, вклучувајќи и морски плодови, зеленчук пред се домати, пиперки, лук, краставици, тиквички, црн патлиџан, блитва, зелка, моркови, печурки… овошје, без исклучоци, околу 150 гр мед и сушено овошје неделно, маслиново масло, напитоци: вода, чај а повремено и незасладен сок.

 

Палео диета – забранети намирници

Шеќер, житарки, компир, млечни производи, преработено месо ( салами,виршли,паштети…) чоколади, производи од пченкарно и соино брашно, мајонез, сол, квасец , оцет (се препорачува користење на лимонов сок за салати).

 imgpaleodoetapiramida

Палео диета – пример на еднодневно мени

 

Појадок: Омлет со спанаќ и печурки

Ужина: Една рака бобичесто овошје

Ручек: Пастрмка на скара, голема мешана салата со прелив од лимонов сок и маслиново масло

Ужина: Свеж морков и јаболко

Вечера: Пилешко на скара, варени брокули, салата од домати

Десерт: Пржени ореви и јаболко

 

Палео диета – аргументи за нејзино спроведување

1. Зголемениот внес на протеини го намалува апетитот и го забрзува метаболизмот, високо протеинската исхрана ја одржува мускулната маса.

2. Нагласена е важноста на овошјето и зеленчукот

3. Организмот има доволно есенцијални масни киселини.

4. Исхраната ќе им одговара на лицата кои се склони кон зголемен шеќер во крвта.

5. Ќе се подобри здравствената состојба и ќе се намали ризикот од болести како што е дијабетесот, срцевите заболувања и ракот.

6. Создава алкално оптеретување на бубрезите, што спречува губење на калциумот и го чува коскеното ткиво, а тоа пак може да го намали ризикот од остепороза.

7. Нема броење на калории и мерење на оброците.

 

Палео диета – аргументи за нејзино НЕ спроведување

1. Со прекумерното внесување на протеини организмот се оптеретува со бројни штетни материи, посебно со амонијак кој може да биде токсичен.

2. Диетата би можела тешко да им падне на оние кои ги сакаат јаглехидратите или намирниците кои содржат скроб.

3. Диетата бара многу посветеност.

4. Во друштвени ситуации (забави и прослави) може да имате потешкотии за да се придржувате кон оваа диета.

5. Потребен е период за одвикнување од кафе, шеќер и останати слатки.

6. Потребно е да се внесува калциум поради не конзумирање на млечни производи.

7. Не е прилагодлива за вегетаријанци.

 

Заклучок:

Ако лицето навистина се придржува кон Палео диетата, ова може да биде многу ефикасен начин за губење на килограми. Сепак, придржувањето кон оваа диета нема да биде лесно, посебно на почеток, кога треба де се одвикнеме од сите намирници кои с за повеќето од нас се многу вкусни. Поради тоа кај некои може да се појават симптоми во вид на замор,г лавоболка и потреба за одредена храна. Овие проблеми ги снемува после неколку недели и од тој момент Палео диетата е за повеќето многу лесна, затоа што се работи за исхрана каде што нема гладување.

И покрај опасностите од аргументите за нејзино не спроведување, ваквата исхрана е поздрава од, на пример Аткинсовата диета која го исклучува овошјето, но не треба да се заборави дека е најдобро да се хранитеизбалансирано, да се внесуваат сите групи на намирници, но во мали количини и во правилни комбинации.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП