Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 12,322.35 0.93%    KMB 6,202.99 -0.46%    MPT 64,939.86 -0.09%    OHB 4,650.00 1.09%    RZLV 38.00 -5%    RZUS 55.70 9.22%    SBT 2,707.00 6.12%    TEL 318.00 2.91%    TNB 17,400.00 0.29%    ZPKO 2,270.00 0%    

ДИЕТА: Брокула диета

Време: 11:46

Датум: март 28, 2014

Категорија: ДИЕТИ

brokuladieta4e564g6e

Оваа диета ќе ви помогне да ослабите 7 – 9 килограми за 10 дена. Самото мени вклучува пет промени на таканареченит режим. На пример : Првите два дена првиот режим, следните два дена вториот режим и така до крајот кога завршувате со петиот режим. Првите 6 дена од оваа диета се клучна фаза, а двата следни режими се додаток.

Намирниците опфатени со оваа диета се одличен извор на витаминот Ц, кој го забрзува метаболизамот и го потикнува слабеењето. Брокулата е една од најкорисните зеленчуци и според истражувањата содржи големи количини витамини и минерали.Брокулата е еден од најдобрите извори на калциум кој има многу важна улога во слабеењето. Вклучувајќи ги брокулите во секојдневната исхрана ќе бидете поздрави, повитални и секако, повитки.

План на оброци за диетата со брокула

Диетниот план на оброци за диетата со брокули содржи разни видови на намирници : моркови, компир, риба, црвено месо ,месо од живина, домати, `ржан леб , зеленчук, кисел крем, црн пипер, маслиново масло, кромид. Може да пиете обична вода, минерална вода а понекогаш и немасни млечни напитоци.

Главна фаза:

 

Прв режим – прв и втор ден

Појадок: 200 гр. варена брокула со сол, 1 – 2 шољи црн чај без шеќер.

Ручек: 150 гр. варено пилешко и 250 мл. благо посолена пилешка чорба. Како додаток 100 гр. варена брокула со сол.

Вечера: 250 гр. варена брокула со сол, 1 – 2 шољи црн чај без шеќер.

 

Втор режим – трети и четврти ден

Појадок: Динстани брокули на маслиново масло со додаток на пиперка и лук. Во подлабока тава за пржење ставете маслиново масло, 200 гр. брокула, едно исецкано парче лук, една исецкана пиперка и малку сол. Динстајте 20 минути поклопено на тивок оган.

Ручек: Динстани брокули на маслиново масло со домати и кромид. Во тава за пржење ставете маслиново масло.Ставете 150 гр. брокула, половина главица кромид со средна големина, два исецкани домати и малку сол. Динстајте 20 – 25 минути поклопено на тивок оган.

Вечера:  Исто како и појадок.

 

Трет режим – петти и шести ден

Појадок: Салата од брокула, кисело млеко со намалена масленост и варено говедско месо. Варете 100 гр. говедско, помешајте го со 100 гр. исецкана брокула и додадете 2 лажици кисело млеко со намалена масленост и малку сол. Една чаша кефир со намалена масленост ќе го комплетира оброкот.

Ручек: 200 гр. обарена брокула во малку посолена вода. Ставете ја брокулта во лонец со вода која врие и варете не повеќе од 5 минути.

Вечера: 150 гр. варено говедско месо малку посолено, 1 чаша чиста вода.

 

Додатна фаза

Четврти режим – седми и осми ден

Појадок: 100 гр. варена брокула, 2 меко варени јајца, една шоља црн чај без шеќер.

Ручек: Супа од брокула. Во 300 мл. пилешка супа додадете 100 гр. брокула, малку магдонос и малку сол. Варете на тивок оган 20 минути.

Вечера: 2 парчиња `ржан леб, еден домат, 100 гр. варена брокула, една шоља сок од домати.

 

Петти режим – девети и десети ден

Појадок: 100 гр. варена брокула со сол и два обарени моркови.

Ручек: 100 гр. варена брокула со сол, 100 гр. обарена риба (може да користите било кој вид на риба).

Вечера: 200 гр. варена брокула со сол, еден варен компир со лушпа.

Диетата со брокула ги содржи сите состојки кои ќе ви помогнат да ослабете и да го одржите јакиот имунолошки систем, што гарантира дека изгубените килограми нема брзо да се вратат.

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • ДИЕТА: Јога диета – за слабеење и обликување на телото

    ДИЕТА: Јога диета – за слабеење и обликување на телото

    Јога диетата претставува збир на правила кои иако се крајно едноставни, даваат одлични резултати видливи на вагата, но и на телесните пропорции. Не мора да…

  • Лубеница диета: За 5 дена 2 кг помалку

    Лубеница диета: За 5 дена 2 кг помалку

    Постојат повеќе диети каде главната намирница е лубеницата. Сепак, оваа верзија е најпопуларна и дава одлични резултати во намалувањето на килограмите и чистењето на организмот. После…

  • ДИЕТА: Осумчасовна диета – до 4 кг помалку за една недела

    ДИЕТА: Осумчасовна диета – до 4 кг помалку за една недела

    Со оваа диета ќe можe да се изгубат многу килограми и да се јаде се што ќе се посака. Зарем не е ова сонот на секој…

  • ДИЕТА: Данска диета – за 13 дена 20 килограми помалку!

    ДИЕТА: Данска диета – за 13 дена 20 килограми помалку!

    Оваа диета служи за брзо разградување на мастите и ослободување на телото од течностите, таа е многу ригорозна, и како што велат оние кои веќе…

  • Брза диета “3 дена”

    Брза диета “3 дена”

    Брза диета “3 дена” е една од најпопуларните диети денес, бидејќи трае кратко време и дава инстант резултати. Немојте да се чудите што низ целиот…

  • Најдобра диета!

    Најдобра диета!

    Најдобрите диети се составени од едноставни намирници богати со протеини, а сиромашни со калории, тежината се намалува постепено, што гарантира дека нема да врати брзо,…

  • Тридневна детокс диета

    Тридневна детокс диета

    Станува збор за прилично строга диета, заснована на зеленчук со растителни влакна и млечни производи со малку масти. Ќе изгубите тежина, а во исто време…

  • Најпопуларна диета во 2020 година е – Шведска диета

    Најпопуларна диета во 2020 година е – Шведска диета

    Како што трендовите во светот на убавината и модата се менуваат со брзина на молња, не е изненадување што слични работи се случуваат и кога…

  • Постои диета која е како создадена за сите љубители на леб

    Постои диета која е како создадена за сите љубители на леб

    Двопек диетата е идеална за луѓе кои сакаат да ослабат, а не можат да се откажат од леб! Двопек диетата се спроведува со многу овошен…

  • Диета со мед која гарантира резултати

    Диета со мед која гарантира резултати

    Поради големиот број на хранливи состојки, медот треба да се консумира секој ден, а каков е за држење диета – дознајте сами! Нутриционистите советуваат пред…