15 декември, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕГрицкајте кикирики!

Грицкајте кикирики!

kikiriki213

Истражувањата покажуваат дека кикириките го смалуваат ризикот од срцев и мозочен удар, поради што стручњаците советуваат дека треба да се внесат во прехраната, но во умерени количини.

Кикириките би можеле да станат важно оружје во борбата против срцевиот удар, покажуваат резултатите од едно последно истражување. Грицкањето кикирики или јадењето масло од кикирики најмалку пет пати неделно може дури да го преполови ризикот од срцев удар. Откриено е дека кикириките го намалуваат холестеролот, спречуваат воспаленија и ја подобруваат состојбата на крвните клетки околу срцето.

Во период од 22 години, научниците од Харвард набљудувале 6 илјади жени со дијабетес тип 2, кој го зголемува ризикот за срцев и мозочен удар. Овие жени имале посебен режим на исхрана, а секои две до четири години пополнувале прашалници за начинот на исхраната.

Кога научниците ги споредија резултатите, открија дека жените кои јаделе кикирики биле позаштитени од срцев и мозочен удар. Вистинското изненадување е што ризикот е намален за дури 44 проценти.

„Исклучително корисно е во исхраната да се користат и кикириките, бидејќи го намалуваат холестеролот и му помагаат на здравјето. Секако, треба да се конзумираат во умерени количини – секој ден по малку и никако со претерување, бидејќи секое претерување е штетно по организмот“, изјави Елен Мејсон, еден од научниците кои го спроведуваа истражувањето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП