23 април, 2024
ПочетнаДИЕТИДиета со тестенини

Диета со тестенини

Според некои диета со тестенини звучи лудо, но воопшто не е така. Особено ако не ги преварувате тестенините и ги подготвите малку потврдо варени или алденте. Италијанките се витки, бидејќи јадат тестенини. Да пробаме и ние!

Италијанската кујна е вкусна и корисна, а тестенините можат да бидат одличен помошник во борбата со вишокот килограми. Малку недоварената тестенина не се лепи како топка во стомакот и се преработува побрзо. А полнозрнестите тестенини, односно тестенините направени од брашно од цело зрно или интегрално брашно се вистинска храна чудо – ем вкусно, ем корисно. Гарнирајте ги тестенините со зеленчук, зачини и маслиново масло.

Диета со тестенини –  мени

Прв ден

Појадок: 1 парче интегрален двопек со 50 г нискомаслена урда и 50 г мисиркина шунка, 1 чаша свежо цеден портокал.

Ручек: 50 гр варени шпагети прелиени со сос, приготвен од 50 г обарен спанаќ, 2 сецкани домати, 100 г филети од бела риба и 1 лажица маслиново масло.

Вечера: салата од 50 г варени макарони, 1 пиперка, 1 домат, 50 г нискомаслено сирење, 1 лажиче маслиново масло, босилек и лимонов сок.

Втор ден

Појадок: 200 гр нискомаслен јогурт со 30 г незасладени мусли, 1 мало јаболко и 1 лажиче мед.

Ручек: салата од 50 г варени макарони, 1 пиперка, 1 домат, 50 г нискомаслено сирење, 1 лажиче маслиново масло, босилек и лимонов сок.

Вечера: 50 гр варени шпагети прелиени со сос, приготвен од 50 г обарен спанаќ, 2 сецкани домати, 100 г филети од бела риба и 1 лажица маслиново масло.

Трет ден

Појадок: 1 парче интегрален двопек со 50 г нискомаслена урда и 1 домат, 1 јаболко.

Ручек: макарони во рерна приготвени на следниот начин: изрендајте во тава 50 г варени макарони, 1 црвена пиперка, 2 домати, 1 лажица маслиново масло, црн пипер и босилек, запечете го јадењето во рерната и сервирајте со малку рендан кашкавал.

Вечера: салата од 50 г варени макарони, 50 г мисиркина шунка, половина краставица, малку лукче, прелиени со прелив од 100 г нискомаслен јогурт, 1 лажиче маслиново масло, босилек, сол и црн пипер.

Четврти ден

Појадок: 1 парче интегрален двопек со 50 г нискомаслена урда и 50 г мисиркина шунка, 1 чаша свежо цеден портокал.

Ручек: салата од 50 г варени макарони, 50 г мисиркина шунка, половина краставица, малку лукче, прелиени со прелив од 100 г нискомаслен јогурт, 1 лажиче маслиново масло, босилек, сол и црн пипер.

Вечера: 2 парчиња интегрален двопек, намачкани со доматно пире и посеани со сецкани пилешки парченца месо (варено), украсени со магдонос и црн пипер.

Петти ден

Појадок: 200 гр нискомаслен јогурт со 30 г незасладени мусли, 1 мало јаболко и 1 лажиче мед.

Ручек: 50 гр варени макарони, гарнирани со 150 г варен зеленчук и 50 г мисиркини гради, зачинети со морско оревче, црн пипер, магдонос и соја сос.

Вечера: 50 гр варени шпагети прелиени со сос, приготвен од 50 г обарен спанаќ, 2 сецкани домати, 100 г филети од бела риба и 1 лажица маслиново масло.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП