Рачниот менувач наскоро може да биде минато, бидејќи најновите бројки покажуваат дека многу малку нови автомобили се достапни со овој тип на менувач.
Статистиката е собрана од британското списание AutoExpress, а податоците може да се сметаат за релевантни за повеќето европски земји.
Во Велика Британија, моментално се продаваат само 96 модели на автомобили со рачен менувач, додека дури 404 модели се достапни исклучиво со автоматски менувачи.
Автомобилите со рачен менувач сега зафаќаат само 19% од пазарот, додека само пред три години повеќе од 30% од моделите ја нудеа оваа опција, пишува списанието HAK.
Електричните автомобили значително придонесоа за популарноста на автоматските менувачи, но преференциите на самите возачи играат голема улога – автоматските менувачи се сè попопуларни поради удобноста на возењето, особено во градските гужви каде што има многу запирање и движење.