Доколку барате едноставна промена што може позитивно да влијае на вашето здравје, можеби ќе сакате да размислите за воведување шолја зелен чај во вашата дневна рутина. Овој пијалок станува сè попопуларен меѓу оние кои сакаат повеќе енергија, подобра концентрација, поздраво срце и помош при слабеење, сето тоа без потреба од скапи додатоци во исхраната.
Порталот „SheFinds“ истакна неколку причини зошто треба да воведете пиење барем една шолја зелен чај во вашата дневна рутина, ако веќе не го правите тоа. Зелениот чај е најдобро да се пие наутро за подобрено варење и енергија, а долготрајната консумација може да има позитивен ефект и врз вашето здравје.
Чај што има позитивен ефект врз здравјето на срцето
Една од најважните придобивки од зелениот чај е неговиот позитивен ефект врз здравјето на срцето. Бројни научници истакнуваат дека активните полифеноли во зелениот чај можат да го намалат ризикот од кардиоваскуларни заболувања, пишува „SheFinds“.
Научна статија од 2022-ра година заклучува дека редовната консумација на зелен чај „има корисен ефект врз телесната тежина, крвниот притисок, гликозата во крвта и липидите“, особено кога е дел од балансирана исхрана и е придружена со физичка активност. Освен што го штити здравјето на срцето, зелениот чај помага и во регулирањето на крвниот притисок, што го прави одлична замена за засладено кафе со млеко.
Природна помош за слабеење
Зелениот чај често се препорачува за луѓе кои сакаат да ослабат, бидејќи го забрзува метаболизмот и помага во разградувањето на масните клетки.
Во статија за „Healthline“, Крис Гунарс цитира податоци од преглед од 2020-та година, кој покажува дека „земањето најмалку 500 милиграми екстракт од зелен чај дневно во текот на 12 недели може да ја намали телесната тежина и индексот на телесна маса“. Тој исто така додава дека зелениот чај е ефикасен кога се комбинира со балансирана исхрана и редовно вежбање.
Повеќе енергија без прекумерен кофеин
На многу луѓе им е тешко да го заменат утринското кафе бидејќи се плашат дека зелениот чај нема да им даде доволно енергија. Сепак, една шолја зелен чај содржи помеѓу 30 и 50 милиграми кофеин, што е само малку помалку отколку во една шолја кафе.
Ако пиете две до три шолји дневно, ќе добиете доволно енергија, но без несаканите ефекти што може да ги предизвика кафето. Освен енергијата, зелениот чај ја подобрува и когнитивната функција. Според „SheFinds“, студија од 2020 година покажа дека „честата консумација на чај, особено зелениот, е значително поврзана со помал ризик од когнитивно оштетување кај возрасни на средна и постара возраст“.
Како правилно да го подготвите?
За да ги искористите сите придобивки од зелениот чај, најдобро е да изберете висококвалитетни суви листови и сами да го подготвите. Избегнувајте готови производи од продавниците, кои често содржат додадени шеќери. За оптимален ефект, зовријте вода, прелијте го чајот и оставете го да отстои најмалку пет минути за да ги ослободи сите корисни антиоксиданси. Можете да го пиете топол или ладен како ладен чај, но избегнувајте засладување.