29 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕОваа намирница ги топи вашите масти

Оваа намирница ги топи вашите масти

grejp2_670x0

Научниците од Универзитетот Баркли во Калифорнија открија дека грејпфрутот добил нова улога во нашата исхрана – лек за одржување на оптималното ниво на шеќер во крвта и лек за „топење“ килограми.

Во Холивуд е доста позната грејпфрут диетата. Таа потекнува од 1930 година, а омилена е кај речиси сите лица. Диетата подразбира консумирање на сок од грејпфрут секој ден, пред секој оброк.

Истражувањата на јапонските нутриционисти за влијанието на грејпфрутот на исхраната покажале дека дури и оние кои не се на диета, а во секојдневното мени го користат ова овошје, несомнено губат килограми. Просечно, оние кои изеле половина грејпфрут со секој оброк изгубиле 3 кг месечно, додека оние кои три пати дневно пиеле сок од грејпфрут изгубиле 2,9 кг. Истражувањето покажало дека постои физиолошка врска меѓу грејпфрутот и инсулинот, бидејќи хемиските својства на ова овошје го намалуваат инсулинот во крвта и поттикнуваат слабеење.

grejp1

Уште една предност на грејпфрутот е тоа што тој содржи 90 проценти вода, а секое овошје со висок процент на течност поттикнува потреба за пиење повеќе течности, дава енергија и го забрзува метаболизмот. Доволно е само да си ја воведете оваа постапка како навика, односно секој ден да го започнувате и завршувате со сок од цеден грејпфрут.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП