9 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕКолку сон е потребно за да се опоравите од ненаспаноста? (видео)

Колку сон е потребно за да се опоравите од ненаспаноста? (видео)

C

Доколку често си го скратувате потребниот сон за повеќе да работите или да поминете повеќе време со својот партнер, време е да престанете со таа навика. Можеби мислите дека се чувствувате добро, но студиите велат дека недостатокот на сон ги намалува и когнитивните способности, така што доколку мислите дека со вас и вашето здравје се е во ред, најверојатно грешите.

Истражувањата покажаа дека вниманието и когнитивните способности на луѓето кои спијат по шест часа дневно во текот на само две недели се исти како и кај оние кои поседуваат еден промил алкохол во крвта. Меѓутоа, мозокот и телото од ненаспаност можат да се опорават со само неколку ноќи здрав сон, во траење од седум до осум часа, што е и препорачано времетраење на просечниот сон.

После повеќенеделна или повеќемесечна ненаспаност, ќе ви биде потребно многу повеќе време за опоравување, но за последиците од лошиот и недоволниот сон во текот на подолг временски период, дури и до неколку години, не може да се гарантира. Не се знае дали мозочните функции после толку долг временски период може во потполност да се вратат во нормала или оштетувањето кое е направено поради нездравиот сон е трајно.

Луѓето кои спијат помалку од седум часа дневно се подложуваат на огромен ризик за заболување од дијабетес, срцеви заболувања и дебелина. Иако спиењето помеѓу седум и осум часа ги опоравува мозочните функции, повеќе од осум часа сон не значи дека инстантно ќе станете попаметни, туку, и оние кои спијат повеќе од осум часа дневно, исто така ризикуваат да заболат од дијабетес, болести на кардиоваскуларниот систем или дебелина.

Иако постојат луѓе на кои природно им е потребно помалку сон отколку што се препорачува, не можете да се претворите во таква личност. Најпаметно е да слушате што ви кажува вашето тело и така и да се однесувате.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП