28 април, 2024
ПочетнаДИЕТИДиета без глутен

Диета без глутен

gluten-free-foods

Исхраната без глутен во моментов е една од најпопуларните во светот. Таа, ппшто земено е една од терапевтските диети, која е наменета за пациенти со целијачна болест (нарушување на апсорпција на глутен, протеин кој е присутен во брашното од пченица, ‘рж и јачмен ), или за луѓе со блага нетолеранција на глутен.

Но, оваа диета се покажала како одличена диета за прочистување на организмот и кај сосема здрави личности, па дури и пристојно губење на тежината (за четири дена изгубиле 1-1,5 кг). Всушност, постојат многу потврдени случаи каде што луѓето кои иако поднесуваат глутен, преминале на оваа диета и се чувствувале значајно поздрави и ги намалиле килограмите. Научниците сеуште полемизираат дали станува збор за скриена нетолеранција или нешто друго а на нас ни преостанува да се обидеме ако тоа ни одговара – зошто да не – да го прифатиме безглутенскиот начин на живот.

Безглутенската исхрана не забранува употреба на пченка, хељда, тапиока и соја. Сепак пред да користите било каков производ , проверете ја етикетата дали има јачмен или пченица. Исто така, безглутенската исхрана строго забранува леб, тестенини и речиси цела индустриски процесирана храна, бидејќи секогаш во неа се наоѓа остаток од глутен. Покрај тоа, се разбира, оние кои сакаат да се придржуваат на без глутенска исхрана треба да ја исклучат од исхраната конзервирана храна, пецива, колачи , сладолед, спакувано месо и пијалаци, кои во себе содржат остатоци на зрнести производи како што се пивото и квасецот. Безглутенската диета дозволува храна подготвена од соја, ориз, пченка и брашно од хељда.

Може да се користи и просо, ориз, сув квасец и млеко во прав

 

План за исхрана без глутен

Појадок: 1 варено јајце, 200 гр сирење, 20 г леб без глутен , 10 г путер , 200 мл какао или чај со млеко.

Вториот појадок: 200 мл сок.

Ручек: 200 мл чорба од риба, компири и моркови, 100 гр варена риба, 100 гр варени компири со грашок, 100 гр салата од зеленчук со растително масло , 20 гр леб без глутен, 200 мл компот од овошје.

Втор Ручек: 100 гр сирење, 100 гр овошна салата, 50 гр пченкарни стапчиња, 200 мл кефир.

Вечера: 1 краставица , 100 гр динстана мисирка, 20 гр леб без глутен , 150 гр варени компири со грашок, 200 мл чај со шеќер без глутен.

Пред спиење: 200 мл јогурт .

foodpic_naturallygffoods

Тешкотии во безглутенската диета поврзани со губење на тежината

– Можеби главниот недостаток во исхраната е дека речиси е невозможно целосно да се избегне глутенот, бидејќи тоа е честа состојка во конвенционалната храна .

Придобивките од јадење на храна без глутен

– Со оваа диета може да ја намалите тежината и да го прочистите телото од токсини. Храната е разновидна, избалансирана и содржи минимум калории и шеќер, и на тој начин можете лесно да изгубате тежина.

– Покрај решавањето на проблемот со глутенот, оваа диета ги корегира витаминските и минералните недостатоци.

Заклучок

Не е лошо да се обидете барем на неколку дена да ја пробате диетата, да ги следите резултатите и потоа врз основа на тоа и субјективното чуство да направите сопствен диетален план кој може да вклучи и делумен внес на продукти кои содржат глутен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП