Намалување на царинските стапки за 67 стоки, вклучително за литиум јонските батерии за складирање на електрична енергија е резултат на нашата комуникација со бизнис заедницата и подобрување на бизнис условите и зголемување на извозот и инвестициите.
„Во процедура се измени на Законот за Царинската тарифа со кој се врши намалување на царинските стапки за 67 стоки. Тоа е резултат на нашата комуникација со бизнис заедницата и согласно Програмата за работа на Владата, а излегуваме во пресрет на бизнис секторот со цел создавање подобри бизнис услови со цел зголемување на конкуреноста, извозот, девизниот прилив, како и инвестициите и бројот на вработени“, рече министерката Димитриеска-Кочоска.
Таа додаде дека овие измени не се само поддршка на домашната индустрија, туку и за привлекување на повеќе странски инвеститори, како и поддршка на компании во енергетскиот сектор, во делот на скалдирање на електричан енергија во услови кога има големо проиводство на електрична енергија од фотонапонските централи со што ќе обезбедиме и пониска цена на електричната енергија за компаниите и ќе ја зголемиме нивната конкурентност.
„Нема повеќе царинска стапка од 15% за литиум јонските батерии, туку таа ќе се намали на ниво на царинската стапка која се применува во ЕУ на ниво од 2,7%“, рече министерката.
Таа додаде дека се укинуваат царините за увоз на стоките со потекло од САД и дека тоа е во насока на зголемувањењ на конкуренцијата на домашниот пазар, додека во меѓународната трговија едностраното намалување на царинските стапки праќа економска порака за забрзување на процесот на реципроцитет во меѓусебната трговска размена.
„Иако директната трговска размена со САД не е голема, сепак САД се стратешки партнер на нашата земја и соработката со нив е значајна од секој аспект поради што Македонија e пoдготвена да го прошири и продлабочи блиското партнерство помеѓу двете земји што се заснова на заеднички цели, интереси и вредности и да воспостави трајна соработка врз основа на заемен интерес“, рече министерката.