Не само гужвата во сообраќајот или неочекуваниот дожд – без чадор на половина пат до вашето работно место, туку и некои други ситуации можат да го „уништат“ вашиот ден. Ова се три утрински навики кои можете да ги промените за полесно да „скокнете“ во новиот ден.
Прерано внесувате кофеин
Дали навистина постои лош миг за шолја кафе? Одговорот е да. Штом наутро ги отвориме очите, нивото на енергија во нашето тело расте, па шолја со кафе веднаш после будењето ќе поттикне уште поголемо зголемување на енергијата, а како последица на тоа се јавува нервоза, тврди доктор Стивен Милер од Универзитетот во Мериленд.
Кафето, според неговите совет, би требало да го пиете барем еден час после будењето.
Не појадувате правилно
Чаша јогурт со грст бобичесто овошје можеби звучи како здрав појадок, но затоа до пладне вие ќе бидете изгладнети.
Ваквиот појадок на вашиот организам нема да му обезбеди доволно нутритиенти кои ќе направат да се чувствувате сити се до следниот оброк. Здравиот појадок треба да содржи 15 грама протеини, 2,5 грама влакна, сложени јаглехидрати и малку здрави масти – вели нутриционистот Мишел Девенпорт.
Веднаш пред компјутерот
Проверувањето на електронската пошта штом ги отворите очите никако не е добар начин за да го започнете вашето утро, бидејќи така ќе бидете под стрес цел ден. Наместо тоа, стручните лица советуваат добро да се протегнете, да испиете шолја чај или да поразговарате со вашиот партнер па потоа да работите на компјутер.