24 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕПет намирници кои имаат повеќе протеини од јајцата

Пет намирници кои имаат повеќе протеини од јајцата

18488975845379fe054e18e307952391_orig

Кога се споменуваат протеините, повеќето веднаш помислуваат на јајцата, но постојат намирници кои имаат повеќе протеини од нив.

Сакате оброк богат со протеини, но не ви се јаде месо или јајца. Ви предложуваме пет намирници, богати со протеини кои сигурно ќе го збогатат вашиот оброк.

Сушена спирулина

Spirulina

Рибата не е единствената храна од морињата и океаните која е богата со протеини. Само две лажици од оваа сушена алга содржат неверојатни осум грама протеини, и само 40 калории. Спирулината можете да ја ставите во салатата, или да ја употребите со сезонски печениот зеленчук.

Печена соја

2400

Една четвртина шолја од оваа ужина содржи 15 грама протеини, но и многу влакна и калиум.

Јогурт

Кога станува збор за протеините, една чаша обичен обезмастен јогурт содржи 17 гр протеини и 100 калории.

Кашкавал Грујер

csm_content_gruyere_1664926971

Само 30 грама од овој швајцарски кашкавал содржат повеќе од осум грама протеини. Но доколку водите сметка за килограмите, треба да ви биде јасно дека во 30 грама кашкавал има 117 калории.

Сушени семки од тиква

Семките од тиква се познати како богат извор на магнезиумот, но тие исто така се и богат извор на протеини, тие содржат 10 гр во една четвртина шоља.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП