22 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕШто би требало да јадете за појадок?

Што би требало да јадете за појадок?

pojadoktrebashto45ve

Познато е дека појадокот претставува најважниот оброк во денот и затоа многу е важно добро да изберете што ќе јадете кога ќе станете. Прочитајте кои намирници би требало да бидат составен дел од вашиот појадок.

1. Протеини

Протеините се важен дел од здравиот појадок, а меѓу другото, тие обезбедуваат и чувство на ситост, што помага да издржите без храна се до ручекот. Внесете малку протеини во облик на млеко, јогурт, јајца или путер од кикирики, но не треба да претерувате. Исто така, ако ги прескокнете протеините во доручекот, ќе имате потреба да ги надокнадите во наредните оброци, а тоа не е најпаметниот избор.

2. Овошје и зеленчук

Многу е добро во својот појадок да вклучите и овошје и зеленчик. Нормално, овие намирници можете да ги вклучите и во другите оброци бидејќи тие се многу здрави. Овошјето и зеленчукот содржат многу витамини и влакна кои помагаат до ручекот да се задржи чувството на ситост, па нема да се прејадувате.

3. Житарици

Доколку сакате да бидете здрави и полни со енергија, житариците се вистинскиот избор за вас. Тие потпомагаат во учењето и концентрацијата, а овозможуваат и да ја задржите витката линија.

4. Пробиотици

Би било добро во појадокот да ги вметнете и пробиотиците. Пробиотскиот јогурт е еден од најздравите прехрамбени производи кои можат да се најдат моментално на пазарот. Последните истражувања покажуваат дека пробиотиците можат да делуваат дури и како лек, за контрола на телесната тежина. Комбиниран заедно со интегрални житарици, тој е рецепт за здрав и вкусен појадок.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП