ЗДРАВЈЕ

Дали протеините се толку здрави како што се зборува?

proteinimeso u3b2v3o2cv

Најновото истражување покажува дека треба да бидеме внимателни во конзумирањето на протеини, и дека не би требало да ја надминуваме дневната доза од 0,8 гр. протеини на килограм тежина.

Додека голем број на диети се залагаат за поголемо конзумирање на протеини, како што е Атикнсовата, Дукановата, неодамнешните истражувања покажуват дека зголеменото ниво на протеини и тоа првично оние од животинско потекло можат да предизвикаат многу несакани последици во организмот.

Имено, авторите на истражувањето кое е објавено во магазинот „Cell Metabolism“ тврдат дека токму овие лица, чија исхрана се базира на протеини, имаат четири пати поголеми шанси да развијат некаков вид на малигно заболување, но и дијабетес.

Многумина ќе бидат изненадени дека исхраната која се базира на јајца, млеко, месо и сирење може да го зголеми ризикот од рак исто како и пушењето на 20 цигари во денот.

Од друга страна, не е забележан негативен ефект ако се конзумираат протеини од растително потекло.