20 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕКако најлесно да го примените здравиот стил на живеење?

Како најлесно да го примените здравиот стил на живеење?

M

Здравиот животен стил би требало да вклучува редовно вежбање, урамнотежена исхрана и доволен внес на течности. За жал, во стресниот ритам на живеење тешко е да се вклопи грижата за телото и здравјето. Еве некои едноставни совети кои не одземаат многу време.

Намалете со слатките

Не можете да живеете без слатки? Ништо страшно, колаче на ден или ред чоколадо нема да ви наштети. Битно е да се намали внесот на шеќери и маснотии, па добра алтернатива за слатките залаци е сушеното овошје.

Јадете неколку порции овошје и зеленчук дневно

Овошјето и зеленчукот изобилуваат со драгоцени состојки кои се потребни за здрав организам. Богати се со антиоксиданси и спречуваат создавање на низа болести. Неколку мали порции дневно ќе ви помогнат и при одржувањето на телесната тежина, ќе го подобрат варењето и ќе го освежат вашиот изглед.

Пешачете барем 30 минути дневно

Човекот не е создаден за седење или лежење. Секојдневната физичка активност ќе направи да се чувствувате подобро и посрежно. Шетањето е наједноставна, најевтина и најпрактична здрава навика. Затоа, наместо во автомобил или автобус, тркнете пешки до работа или факултет.

Намалете го стресот

Лесно е да се каже, но тешко е да се постигне. Сепак, има многу начини на кои може барем малку да се намали стресот. За да успеете во тоа, потрудете се барем половина час да уживате во тоа што сакате да го правите. Пуштете го омиленото ЦД, отидете на кафе со пријател, изиграјте партија баскет или фудбал… За полесно да се справите со стресот, размислете дали проблемите кои сега ве мачат ќе бидат важни за една година.

Земајте неколку паузи дневно

Паузата во работното време го намалува стресот. Нормално дека шефот нема да ви дозволи да земете повеќе паузи од една за да излезете надвор, но барем одлепете се малку од пред компјутерот и рестегнете се.

Трудете се да размислувате позитивно

Дневно, на човекот низ глава му прелетуваат повеќе од 50.000 мисли. Тоа е голема количина која е тешко да се контролира. Сепак, за зачувување на здравјето трудете се да ги елиминирате лошите мисли и сценарија, а фокусирајте се на убавите работи во животот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП