30 април, 2024
ПочетнаДИЕТИНајдобра диета: За брзо намалување на килограмите

Најдобра диета: За брзо намалување на килограмите

Fat stomach surrounded with measuring tape and burger

Најдобрата диета за намалување на вишокот килограми е составена од едноставни намирници богати со протеини, а сиромашни со калории, тежината се намалува постепено што е гаранција дека нема брзо да се врати.

Оваа диета е наречена „Најдобра диета“ но сепак треба да се имаат во предвид телесните способности, возраста, бројот на килограми кои се вишок, местото на кое се наталожило салото итн.

Покрај тоа оваа диета ви овозможува да изгубите 4-5 килограми за само 10 дена, а сето тоа зависи и од самиот организам на човекот кој одлучил да ја држи оваа диета, кај некои резултатот е поголем а кај некои помал.

 

ДЕН 1

Појадок: 2 филџани кафе без шеќер, 3-4 кајсии

Ручек: 125 гр. посно јунешко на скара, 2 домати, ½ чаша млеко со ниска масленост

Вечера: 1 чаша сок од зеленчук, 100 гр. бифтек, домат и краставица

 

ДЕН 2

Појадок: 2 филџани кафе без шеќер, кајгана од едно јајце, парче црн леб

Ручек: шолја чорба од зеленчук, 100 гр. печено телешко, варен боранија, јаболко, чај со лимон

Вечера: 150 гр. пржен џигер, мешан варен зеленчук, портокал

 

ДЕН 3

Појадок: чаша сок од грејпфрут, домат, варено јајце

Ручек: 125 гр. посен котлет на скара, обарен карфиол со јогурт, кафе или чај со лимон

Вечера: шолја чорба од зеленчук, 120 гр. посно телешко месо, боранија, јаболко

1344977568_vitaminno-belkovaya-dieta

ДЕН 4

Појадок: кафе, 1 портокал, парче црн леб

Ручек: 60 — 80 гр. бифтек на скара, пржен домат и грашок, салата од целер, ½ чаша млеко со ниска масленост

Вечера: чаша сок од зеленчук, 150 гр. риба со блитва, праска, јагоди

 

ДЕН 5

Појадок: чаша сок од домати, тврдо варено јајце, парче ржан леб

Ручек: јогурт со ниска масленост, кајгана од 2 јајца со спанаќ, кафе

Вечера: чаша сок од портокал, 100 гр. ладно печено месо, мешана салата

 

ДЕН 6

Појадок: кафе, половина грејпфрут

Ручек: 150 гр. телешки џигер на скара, 2 парчиња двопек, салата, два домати, две јаболки, кафе

Вечера: 150 гр. посна риба, салата со целер, два домати, две чаши млеко со ниска масленост

0-kremlevskaya-dieta-stala-dostupnoj-dlya-prostyx-rossiyan

ДЕН 7

Појадок: чај со лимон, 1 јајце со сос од домати

Ручек: шолја супа од зеленчук, 120 гр. варено месо, салата од домат и краставица, 1 јаболко

Вечера: чаша сок од зеленчук, 50 гр. ладно пилешко, динстан спанаќ со јајце, салата од домат и краставица

 

ДЕН 8

Појадок: тврдо варено јајце, сок од лимон, 2 домати, зачини – се заедно измешано.

Ручек: 150 гр. риба на скара, динстана боранија и морков, зелена салата и краставица зачинети со јогурт, ½ чаша млеко со ниска масленост

Вечера: чаша сок од домати, 100 гр. варен џигер, 3 кришки домат – краставица, кафе или чај со лимон

 

ДЕН 9

Појадок: рендано јаболко со лимон, тврдо варено јајце

Ручек: 100 гр. пилешко, обарен карфиол, домат, кафе или чај со лимон

Вечера: чаша сок од зеленчук, 100 гр. посен бифтек, салата од домат и краставица

vegetables

ДЕН 10

Појадок: кафе, ¼ грејпфрут, еден домат

Ручек: 2 плескавици од посно месо, зелена салата прелиена со јогурт, морков, кафе

Вечера: шолја посна супа, 2 тенко сечени парчиња печено телешко или јунешко, зелена салата измешана со домат – краставица, кафе или чај.

 

Во текот на оваа природна диета, составена од едноставни намирници богати со претеини и сиромашни со калории треба да консумирајте многу вода и да избегнувате сол. Диетата трае 10 дена и ви овозможува да загубите 4-5 килограми. Пробајте можеби токму за вас ова е најдобрата диета.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП