Колку што е голем бројот на лица кои се мачат за загубат некој килограм, толкав е и бројот на лица кои се мачат да се здебелат некој грам. Оваа статија е наменета за оние лица кои посакуваат да додадат неколку килограми на своето тело а сето тоа да го сторат на здрав начин. Важно е да знаете што е нутритивно и енергетски богата храна која вашиот организам ќе ја искористи на најдобар можен начин.
Лосос
Јадете секојдневно две порции лосос со цел да внесете доволно протеини, но и здрави масти.
Јајца
Јајцата се евтин и важен извор на белковини, витамини А, Д и Е и добриот холестерол.
Тиква
Таа е богата со антиоксиданси и влакна, можете да додате и маслиново масло за да ја направите уште похранлива.
Интегрално пециво
Интегралното пециво е доста добар извор на сложени јаглехидрати кои ќе ви дадат важен број на калории.
Кашкавал и Сирење
Станува збор за концентрирано млеко, што значи дека кашкавалот или сирењето се добар извор на протеини, калциум, масти, холестерол и тие се калориски богата намирница.