Ако имате проблем со губитокот на тежина, големи се шансите дека едноставно треба да направите неколку промени во дневената рутина…
Ова се грешките кои го забавуваат губитокот на килограмите. Прочитајте и помогнете си самите на себе по празничните обилни јадења да намалите 5 килограми.
* Храна со ниска висина на нутриенти
Подобро е да јадете повеќе намирници како што е јогуртот, домашните мусли или леб од цели пченични зрна, отколку диетални и нутритивно осиромашен намирници.
* Недостаткот на сон
Истражувањата покажуваат дека сонот помал од шест часа го забавува метаболизмот. Обидете се да спиете малку подолго.
* Не пиете доволно течности
Започнете го денот со чаша вода и продолжете да пиете активно во текот на денот. Истражувањата исто така покажале дека луѓето кои пијат вода пред оброкот јадат помалку калории од оние кои го јадат оброкот дехидрирани.
* Немате никаква физичка активност
Најмалку што можете да направите за себе кога станува збор за физичката активност е пешачењето, не чини ниту пари, нема да ви одземе ниту многу време, а ќе ве релаксира, ќе ви помогне како психички така и физички да сте поподготвени, а ќе ви помогне и да ги намалите килограмите.