16 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКупувањето половен автомобил од странство станува луксуз – увозните давачки скокнаа до...

Купувањето половен автомобил од странство станува луксуз – увозните давачки скокнаа до плафон

Во време кога економијата се соочува со бројни предизвици, граѓаните нa Македонија се соочуваат со нов финансиски товар – зголемување на увозните давачки за поволни автомобили, што значително го зголемува трошокот за нивно купување.

Според последните извештаи, увозните давачки се зголемени двојно, што го прави купувањето на стар автомобил скоро недостижен луксуз за просечниот граѓанин.

Увозниците на моторни возила изразуваат загриженост дека оваа промена ќе има значително негативно влијание на нивниот бизнис.

Со новата даночна реформа, која предвидува зголемување на данокот за возила со помоќни мотори и оние со поголема емисија на јаглерод диоксид, се очекува дополнително намалување на продажбата на стари возила увезени од странство.

Владимир Ѓошевски, сопственик на автоплац во Скопје, вели дека оваа промена е удар за џебот на граѓаните.

„Со зголемување на данокот и царината, прометот ќе се намали и ќе биде голем удар врз џебот на граѓаните. Ние ќе мораме да ги зголемиме цените во согласност со зголемените давачки, а тоа ќе ги поскапи половните автомобили”, изјави Ѓошевски.

Со оглед на тоа дека Македонија веќе има највисоки цени за продажба на возила во Европа, оваа промена може да има долгорочни последици за економијата и стандардот на живеење на граѓаните.

Увозниците се надеваат дека Владата ќе преземе чекори за создавање на поволна клима за бизнис и да ги преиспита новите даночни стапки со цел да се избегне потенцијалното уништување на постојните бизниси и дополнително оптоварување на граѓаните.

Од Министерството за финансии брифираат дека по сеопфатни дискусии направени за измени во Уредбата за начинот на пресметка на данок на моторни возила, според WLTP методот, во рамки на проектот со Светската банка за унапредување на оданочувањето на моторни возила, изработиле нови табели со нови цени.

Инаку, WLTP е метода која постои од 2017 година, а која ја мери потрошувачката на гориво, какви издувни гасови испушта автомобилот и колку ја загадува животната средина за која во светот постојат строги ограничувања.

Б.З.М.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП