20 јуни, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАСАД сакаат да ја задржат својата вештачка интелигенција „своја“: Усвоен предлог-закон кој...

САД сакаат да ја задржат својата вештачка интелигенција „своја“: Усвоен предлог-закон кој ќе го ограничи извозот на вештачка интелигенција

Соединетите Американски Држави направија голем чекор кон легислатива што ќе и олесни на американската администрација да го ограничи извозот на големи модели на вештачка интелигенција.

Имено, Комисијата за надворешни работи на Претставничкиот дом прифати нацрт-закон со кој на Министерството за трговија ќе му се даде јасно овластување да им забрани на Американците да работат со странци на развојот на системи за вештачка интелигенција. Пред сè, тоа се системи за кои се смета дека претставуваат ризик за националната безбедност на САД.

Предлогот е резултат на загриженоста во САД дека американските компании за вештачка интелигенција, со нивните модели, ненамерно би можеле да го поттикнат технолошкиот подем на Кина.

Се претпоставува дека со таков закон Вашингтон се обидува да ги потисне кинеските амбиции во однос на создавањето на големи модели на вештачка интелигенција кои би можеле да се користат за мешање во избори во други земји, создавање биолошко оружје или сајбер напади.

Претходно беше споменат планот на американската администрација, според кој планираат да постават „заштитни огради“ околу најнапредните модели на вештачка интелигенција, за да не ги заштитат од Кина и Русија. Како точно би го направиле тоа се уште не е познато.

Да потсетиме дека во последните години компаниите ширум светот интензивно работат на развој на различни модели и алатки за вештачка интелигенција. Иако најпознати се американските, Кина интензивно работи и на сопствени модели, како во приватни компании, така и во оние со владини врски.

Пекинг се уште не го коментираше американскиот потег.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП