16 јуни, 2024
ПочетнаСВЕТЕУ ги заострува казните за сообраќајни прекршоци – еве што треба да...

ЕУ ги заострува казните за сообраќајни прекршоци – еве што треба да знаете пред да тргнете на пат

Внимание за сите возачи кои планираат да патуваат низ Европа со автомобил: Европската Унија воведува значителни промени во системот за казнување на сообраќајните прекршоци.

Со новите регулативи, кои беа одобрени од Европскиот парламент, се цели кон подобрување на безбедноста на патиштата, без разлика дали возачите се во својата матична земја или во странство.

Сите, буквално сите, ќе бидат адекватно санкционирани за своите прекршоци.

Новите мерки вклучуваат автоматизирана размена на информации меѓу националните власти за подобро спроведување на казните, како и проширена соработка меѓу земјите членки за идентификација на прекршителите и примена на казните.

Исто така, предвиден е и временски период од 11 месеци за процесуирање на прекршоците направени од странски возачи, како и можност за принудна наплата на казни преку националните органи доколку казната надминува 70 евра.

Кои прекршоци се опфатени?

Прекршоците кои се најчесто санкционирани се пребрзото возење и возењето под дејство на алкохол, но исто така се вклучени и други сериозни прекршоци како што се бегство од место на несреќа, непочитување на растојанието меѓу возилата, игнорирање на забраната за претекнување и употреба на преоптоварено возило.

Со овие промени, Европската Унија се надева дека ќе се намали бројот на сообраќајни несреќи и ќе се зголеми безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

Возачите треба да бидат внимателни и да ги почитуваат правилата за сообраќај, бидејќи прекршоците повеќе нема да бидат лесно прегледани, особено кога станува збор за меѓународни патувања.

Со новите промени, слободата на движење низ Европската Унија не подразбира слобода на непочитување на сообраќајните закони. Оваа иницијатива е чекор напред кон заедничка Европа која се грижи за безбедноста и доброто на сите свои граѓани.

Б.З.М.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП