16 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНова генерација на Hisense инвертер клима уреди: Ефикасно лади и загрева, притоа...

Нова генерација на Hisense инвертер клима уреди: Ефикасно лади и загрева, притоа заштедува пари и овозможува поздрав воздух

Разладете се ова лето и дочекајте го UEFA EURO 2024 подготвени со совршена атмосфера за навивање

Ова лето носи посебна возбуда – ќе уживаме на Олимписките игри, но конечно ќе го гледаме и највозбудливото UEFA EURO 2024! Како глобален партнер за UEFA EURO 2024, пред да започне ова првенство, Hisense подготви одлична понуда во која веднаш се истакнува новиот иновативен инвертер клима уред – Hisense Energy Pro X.

Hisense Energy Pro X е паметен клима уред со целосен DC инвертер со највисока енергетска ознака, кој заштедува до 50 проценти од електричната енергија за време на работата, а благодарение на одличните карактеристики кои ги надминуваат класичните клима уреди, тој е окарактеризиран и како топлотна пумпа воздух-воздух.

Hisense Energy Pro X е исклучително тивок, при работа произведува „шум“ од само 18 децибели, па иако јачината на звукот е субјективна категорија, оваа јачина е на ниво на шушкање лисја. Покрај тоа што е многу тивок, овој клима уред е и исклучително паметен и има AI SMART функција, која му овозможува да ја детектира температурата и влажноста на воздухот во просторијата и да ги прилагоди на оптимално ниво.

Не треба да се грижите ниту за вирусите и бактериите, бидејќи ефектот на уникатната патентирана Hi-Nano технологија ги отстранува вирусите и бактериите со помош на концентрирани јони, кои се совршено погодни за создавање квалитетен и здрав воздух. Поради својата силна емисија на јони, може ефикасно да елиминира 99% од честичките на H1N1 вирусот (SARS-CoV-2) за два часа, како што е докажано од француската лабораторија Texcell. Во споредба со обичната плазма, Hi-Nano технологијата произведува двојно повеќе озон (0,007 mg/m3) и не штети на животната средина. Hisense Energy Pro X користи неколку видови филтри за поздрав, почист и поубав воздух, и тоа 4 во 1 филтер (витамин Ц, катехински филтер, филтер со сребрени јони и ХЕПА филтер), антибактериска мрежа и јаглероден филтер. Покрај автоматското прочистување на воздухот, овој клима уред има и можност за самочистење на внатрешнта и надворешнта единица, што овозможува процесот на чистење во пет фази да ги отстрани не само нечистотиите, туку и да ги неутрализира акумулираните бактерии и други микроорганизми на во внатрешноста на апаратот.

Значајна иновација е TMS системот за контрола и комфор, технологија која со помош на AI чипот ги пресметува параметрите на внатрешната средина кои се најпогодни за корисниците. Врз основа на шест параметри (температура, влажност, брзина на проток на воздух, термичко зрачење, количина на облека и активност на корисникот), Hisense Energy Pro X интелигентно ја регулира собната температура, влажноста и брзината на проток на воздухот.

Напредните опции нудат не само контрола преку Wi-Fi мрежа и со апликацијата ConnectLife, туку и гласовна контрола – со едноставно давање команди од просторијата каде што се наоѓа клима уредот. Благодарение на овие карактеристики, можете да го активирате Hisense Energy Pro X на пат кон дома, од каде и да посакате, така што кога ќе стигнете таму, ве чека совршена температура и пријатна средина. Дополнително, во ConnectLife апликацијата можете да управувате со потрошувачката на електрична енергија преку статистичкиот приказ на моќноста со што ќе ги намалите трошоците.

Списокот на паметни функции не завршува тука, бидејќи Hisense Energy Pro X нуди и повеќедимензионален проток на воздух. Достапна е и SmartEye функцијата, која ги детектира луѓето во просторијата и го насочува воздухот за никому да не му пречи и да не дува директно во никого. Оваа опција се нарекува Follow/Avoid режим и е една од најинтересните карактеристики на новата генерација на премиум класата на Hisense инвертер клима уреди.

Официјален клима уред на UEFA EURO 2024

Hisense Energy Pro X е најефикасен клима уред и има А+++  енергетска класа за греење и за ладење, а може да се користи и на температури до минус 22°C. Со оглед на тоа дека зимата е зад нас и дека UEFA EURO 2024 е пред нас, овој клима уред е идеален за истовремено разладување на просторијата во која ќе навивате и во која ќе се подготвите за одлична атмосфера во која ќе уживате.

На домашниот пазар, Hisense, убедени во квалитетот и на овој производ, покрај промотивната цена, обезбеди продолжена гаранција на компресорот од пет години за сите клиенти. Гаранцијата можете да ја добиете со регистрација на mk.hisense.com.

Повеќе информации за Hisense Energy Pro X и сите други модели на Hisense инвертер клима уреди со промотивни цени се достапни на веб-страницата на Hisense Македонија. Одберете го вашиот модел со цел навреме да создадете одлична атмосфера за да уживате во најважниот спореден настан во текот на летото кое се очекува да биде рекордно жешко.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП