Оваа зимска диета е создадена од германски диетолози. Диетата е сосема едноставна, но при држењето се појавува чувство на глад со среден интензитет. Потребно е да се држи една недела (можете да ја повторите максимум два пати последователно – 14 дена максимум), а во текот на тој период ќе го отстраните вишокот килограми и масните наслаги, телото ќе го прочистите и ќе го освежите.
Зимска германска диета – пример мени
Понеделник
Појадок: кафе или чај, парче двопек
Ручек: 2 варени јајца, 80 г обарен спанаќ, зачинет со малку маслиново масло, 1 домат
Вечера: печено телешко месо (150 гр), салата од домати и кромид, зачинета со маслиново масло
Вторник
Појадок: кафе или чај
Ручек: варено јајце, 200 гр варен морков, зачинет со малку маслиново масло, 100 г кашкавал
Вечера: овошна салата од јаболка, мандарини и банана
Среда
Појадок: кафе или чај
Ручек: салата од домати и зелка, зачинета со маслиново масло, 1 портокал или 2 мандарини, 1 јаболко
Вечера: 2 варени јајца, 200 г варено пилешко месо
Четврток
Појадок: 1 чаша свежо цеден сок од јаболко
Ручек: 250 г печена или варена риба, 1 домат, 1 јаболко
Вечера: 1 телешки стек, зелена салата, зачинета со маслиново масло и сок од лимон
Петок
Појадок: свежо цеден сок од моркови
Ручек: 200 г печено пилешко, зелена салата
Вечера: 2 варени јајца, 1 рендан морков, зачинет со маслиново масло
Сабота
Појадок: чаша чај, 1 јаболко
Ручек: 200 г печено месо, зелка салата
Вечера: 100 г рендан морков, прелиен со маслиново масло, 150 г кашкавал
Недела
Појадок: чаша чај, 1 двопек
Ручек: 200 г печено или варено пилешко
Вечера: сезонско овошје по избор
*Потребно е да се консумира зголемена количина на течности секојдневно.