27 април, 2024
ПочетнаДИЕТИДиета со риба и зелка

Диета со риба и зелка

10580_0

Диетата со риба и зелка го ограничува консумирањето на јаглехидрати, особено шеќерот, бидејќи во организмот овие вишок количини брзо се претвораат во масти. Диетата треба да се почитува најмалку еден месец, а резултатите се загарантирани.

Не е пожелна употребата на масти од животинско потекло. Се препорачуваат растителните масла, кои имаат поволен ефект врз согорувањето на мастите во организмот, најдобро маслиново масло. Препорачливо е диетата да се комбинира со физичка активност и големи количества на вода.

 

Диета со риба и зелка – пример мени

 

Понеделник

Појадок: 1 кафе без шеќер, 100 г урда обезмастена

Ужинка: 100 г варена риба со гарнир од обарени или варени моркови, 2 јаболка

Ручек: 1 чинија супа од зеленчук, 1 салата од зелка и моркови, зачинета со лимонов сок и растително масло, 1 чаша свежо цеден сок од јаболко

Вечера: 100 г варена риба, 2 варени компири, 1 чаша билен чај без шеќер

 

Вторник10580_1

Појадок: 1 кафе без шеќер, 1 чаша нискомаслен јогурт

Ужина: 1 салата од зелка и моркови, зачинета со лимонов сок и растително масло

Ручек: 100 г варено телешко месо со гарнир од обарени или варени моркови, 1 чаша свежо цеден сок од јаболко

Вечера: 100 г варена риба, 2 варени компири, 1 портокал

 

Среда

Појадок: 1 кафе без шеќер, 1 варено јајце, 1 пченкарен двопек

Ужинка: 100 г варена леќа, овошна салата по избор (100г)

Ручек: 150 г печено или варено пилешко месо (без кожа), 1 краставица, 1 портокал

Вечера: 1 салата од зелка и моркови, зачинета со лимонов сок и растително масло, 1 чаша свежо цеден сок од јаболко

 

Четврток

Појадок: 1 кафе без шеќер, 1 чаша нискомаслен јогурт, 1 двопек

Ужина: 1 салата од зелка и моркови, зачинета со лимонов сок и растително масло, 50 гр јаткасти плодови (ореви, бадеми, лешници)

Ручек: 100 г варено телешко месо со гарнир од конзервиран грашок

Вечера: 1 чинија супа од зеленчук, 100 г рендан свеж морков, зачинет со лимонов сок

 

Петок

Појадок: 1 кафе без шеќер, 100 гр урда обезмастена

Ужинка: 2 јаболка, 2 портокали, 1 чаша свежо цеден сок од портокал

Ручек: 100 гр варени пилешки гради, 1 салата од зелка и моркови, зачинета со лимонов сок и растително масло, 1 чаша свежо цеден сок од портока

Вечера: 150 г печена риба, 200 г зеленчук по избор

 

Сабота10580_2

Појадок: 1 кафе без шеќер, 50 гр јаткасти плодови

Ужинка: 100 гр урда обезмастена

Ручек: 1 чинија супа од зеленчук, 1 пченкарен двопек

Вечера: 150 г варено или печено свинско месо, 100 г рендано цвекло, зачинето со лимонов сок, 1 чаша билен чај без шеќер

 

Недела

Појадок: 100 гр варени овесни снегулки со 1 лажиче мед

Ужина: 1 овошна салата (200 гр)

Ручек: 100 г варена риба, 1 салата од зелка и моркови, зачинета со лимонов сок и растително масло

Вечера: 100 гр варено телешко месо, 2 варени компири, 1 јаболко, 1 чаша свежо цеден сок од јаболко

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП