19 април, 2024
ПочетнаДИЕТИЛимон диета

Лимон диета

limun

Иако во основата на лимон диетата, логично, се наoѓа лимонот, вистинскиот ефект на диетата се постигнува благодарениe на комбинацијата на лимонот и другите намирници (овошје, мешунки, јаткасти плодови и семки).

Диетата е одлична за детоксикација на организмот, враќање на енергијата и како превенција од пролетната и есенската депресија. Диетата се држи 24 часа, а целта не е губење на килограмите (иако ќе загубите 1 килограм), туку враќање на енергијата во организмот.

Лимон диетата е доволно да ја држите еднаш неделно – а колку пати ќе ја повторите – зависи од вас. Основата на диетата е лимонадата. Лимонадата ќе ја подготвите од еден лимон 300 мл вода, малку цимет и малку лута пиперка. Лимонадата задолжително ќе ја консумирате на собна температура, бидејќи ладната лимонада може да го шокира организмот и да предизвика надуеност и гасови.

limonada-620x330

Лимон диета

Првата лимонада – по станувањето, половина час пред појадокот

Појадок

Шумско овошје, јаболко, крушка, јогурт, бадем. Најдобро е да го помешате јогуртот и овошјето.

Ужина

Време е за втората лимонада. Десет минути по лимонадата изедете една банана и една шака семки од тиква или сончоглед.

Ручек

Оброк од варен мешункаст зелечук.

Ужинка

Третата лимоната. Ќе изедете и зелена салата, а можете да изедете и една шака лешници или некое суво овошје.

Вечера

Риба на жар, зелечнук (моркови, брокули, спанаќ), соја, авокадо…

Два часа пред спиење испијте ја и четвртата чаша лимонада.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП