1 јуни, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАДурмиши со порака до трговците: Доколку некој се обиде да ја злоупотреби...

Дурмиши со порака до трговците: Доколку некој се обиде да ја злоупотреби ситуацијата ќе реагираме веднаш

“Сите знаеме дека во време на економска криза, секој денар е важен. И секоја промена на пазарот директно се одразува врз секојдневниот живот на нашите граѓани – во лебот што го купуваме, во маслото, шеќерот или хигиенските производи. Затоа, како Министерство за економија и труд, од првиот ден сме посветени на заштита на животниот стандард на граѓаните и обезбедување стабилност на цените”, вели министерот за економија Бесар Дурмиши.

Благодарение на мерките преземени од почетокот на годината – вклучувајќи го ограничувањето на маржите на прехранбени и хигиенски производи – денес имаме конкретни резултати.

Според него, официјалните податоци покажуваат дека:

-Инфлацијата за месец април е практично нула во споредба со март, 0.6% зголемување;
-Во споредба со април минатата година, инфлацијата изнесува 2,6%;
-Цените на храната се речиси непроменети – само 0,3% годишен раст, и намалување од -1,3% во споредба со декември 2024.

“Ова се факти што покажуваат дека економијата е постабилна, и граѓаните не се соочуваат со неподносливи поскапувања. Но, тука нема да застанеме. Во соработка со Државниот пазарен инспекторат, секојдневно ја следиме динамиката на цените. Досега нема значително зголемување по завршувањето на мерката. Но, доколку некој се обиде да ја злоупотреби ситуацијата – ќе реагираме веднаш:, порачува министерот.

И реакцијата ќе биде решителна:
-Можеме да ја прошириме листата на производи со ограничени цени;
-Да воведеме маржи за сите производи;
-Или да ги зголемиме постојните ограничувања.

Министерот Дурмиши на крај рече дека Министерството за економија и труд останува посветено на одржување на економската стабилност и заштита на животниот стандард на граѓаните. Со одговорност, решителност и во соработка со надлежните институции, ќе продолжат да преземаат неопходни мерки за обезбедување правичен и стабилен пазар за сите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП