1 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЗа здраво срце доволна е петминутна прошетка

За здраво срце доволна е петминутна прошетка

srcezdravjesrceto5454

Само пет минути лесна физичка активност може да го заштити вашето срце од негативни ефекти настанати од повеќечасовното седење.

При студијата спроведена на Универзитетот во Индијана, кај учесниците кои седеле, односно не го помрднувале долниот дел од телото, е забележано двократно послабо функционирање на артериите во нозете во текот на само еден час седење.

Меѓутоа, кога учесниците на секој час станувале за да прошетаат пет минути, немало никакво слабеење во функционирањето на артериите.

„Седењето во тек на подолг временски период може да доведе до тоа крвта во нозете да стане погуста, што како последица може да донесе запаление и пречки во нормалното функционирање на артериите. Петминутното пешачење ќе го зголеми протокот на крв и ќе спречи крвта да се згусне“, објасни авторот на студијата, др. Саураб Тосар.

Тој нагласува дека во текот на петминутната прошетка можете да одите споро и дека тоа, што се однесува на крвта, ќе има исти ефекти како и брзото одење.

„Дури и лесната физичка активност е доволна да ви „проработат“ мускулите и да се подобри протокот на крвта“.

Значи, кога од некоја причина морате да седите, на пример на работа, секој час станувајте за да ги „протегнете нозете“ – доволно е да појдете до тоалет, да си земете вода или на правите што било друго, поради што ќе морате да се движите пет минути.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП