28 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕ7-те најздрави плодови на есента

7-те најздрави плодови на есента

513917390542815bb9103d101243074_orig

Со доаѓањето на постудените денови, вашиот имунитет може да се намали, па многу е важно вие да го зајакнете. Најдобриот начин за тоа е да ја збогатите исхраната со здрави намирници.

Есента ни нуди многу здрави и вкусни плодови, а за вас ги издвоивме оние кои задолжително треба да ги вклучите во вашето мени.

Јаболки

jabolkojdieojrf94

Сочните јаболки се богати со антиоксиданти кои го зајакнуваат имунитетот и го намалуваат ризикот од појава на рак. Исто така, јаболките содржат пектин, кој делува превентивно на појавата на кардиоваскуларни болести.

Тиква

Овој зеленчук содржи витамин А, кој исклучително поволно делува на видот. Тиквата е богата со фитостероли, кои можат да го намалат лошото ниво на холестерол и бетакаротен кој е одличен борец против слободните радикали.

Прокељ

prokeljjfoe8ruft098r

Овие зелени мини зелчиња се одличен извор на железо и витамин К. Изберете го својот омилен начин на подготовка и уживајте во зеленчукот кој содржи и доста витамин Ц.

Смокви

Вкусните плодоби од смоквата се одличен избор за ужинка. Имаат доста влакна кои можат да го намалат нивото на лошиот холестерол, потоа го регулираат нивото на шеќер во крвта, спречуваат констипација и ве држат долго време сити. Смоквите, исто така содржат и калиум, кој го регулира нивото на шеќер во крвта.

Карфиол

karfiol6564rt

Не дозволувајте белата боја да ве излаже, овој зеленчук е исто така многу хранлив како и зелениот лиснат зеленчук. Карфиолот е богат со витамин Ц и К, кои можат да ја спречат појавата на воспаление, но и влакна и фолна киселина.

Цвекло

Вкусно и многу лековито, цвеклото е идеален зеленчук доколку сакате да го зајакнете својот имунитет. Цвеклото е одличен извор на фолна киселина, калиум и манган, кои помагаат во апсорцијата на калциум и спречуваат згрутчување на крвта.

Крушки

Kruske1

Ова сочно овошје е одличен извор на влакна, кои го регулираат нивото на шеќер во крвта и го намалуваат холестеролот. Крушките исто така содржат и витамин Ц, бакар и бор, кои му помагаат на организмот да го одржи нивото на калциум.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП