25 април, 2024
ПочетнаДИЕТИАБС Диета

АБС Диета

absmain11_600x450

АБС диетата е диета која трае шест недели, и која ја комбинира исхраната со вежбите. Оваа диета најмногу ја нагласува моќта на одредени намирници кои се застапени во исхраната. Таа е посветена на енергијата, изградбата на мускули преку вежбите, аеробик вежбите и диетален баланс на белковини, јаглехидрати и масти.

Вежбањето помага телото да го согори вишокот на масти, но не е можно да се согоруваат конкретни области на мастите како што е стомакот. Диетата и вежбањето ќе помогнат да се елиминираат вишокот на маснотии од сите делови на телото. АБС исхраната е дизајнирана да ги обезбеди потребните витамини и минерали за добро здравје, а го поттикнува и создавањето на мускулна маса, кое помага за забрзување на процесот.

Оваа диета има две компоненти: исхрана и вежбање. Ова се основните правила за оваа диета.

– Јадете шест оброци дневно

– Редовно пијте вода

– Не ги бројте калориите

– Фокусирајте се на диетата

 

Намирнците кои се консумираат се:

– Бадеми и други јаткасти плодови

– Грав

– Зелен зеленчук

– Немасни млечни производи

– Овесни снегулки

– Јајца

– Немасно месо

– Маслиново масло

– Житарици од цело зрно

Вежби: 

Соодветните вежби се подеднакво важни како и добрата исхрана во губењето на мастите. АБС диетата вклучува тренинг на сила 3 пати неделно, стомачни вежби два до три пати неделно и аеробик вежби два до три пати неделно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП