23 јуни, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНапиток кој ја отстранува непријатната миризба од устата

Напиток кој ја отстранува непријатната миризба од устата

60983508-napitak-zadah-voce-voda-ljeto

Ако одржувате орална хигиена, но сепак имате лош здив, обидете се да го отстраните со помош на овој напиток. Станува збор за вода со додаток на овошје богато со витамин Ц, кое ја зголемува киселоста во устата и така ја намалува можноста за развој на бактерии.

Состојки:

– 2 литри обична природна вода

– 1-2 големи портокали

– 3 киви

– 5 јагоди

– сок од половина лимон или лимета

Начин на подготовка:

Измијте го овошјето, отстранете ја кората и сечете го овошјето на парчиња по желба. Додадете го овошјето во водата, сокот од лимон и оставете го напитокот најмалку еден час во фрижидер. Послужете со коцки мраз и лисја од нане, кои исто така се одлични отстранувачи на лош здив.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП