27 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕОва се намирниците кои најдобро ги топат мастите

Ова се намирниците кои најдобро ги топат мастите

65341_sardinaprofimedia0167623514_630x0

Калориите се многу важни ако се обидувате да ослабете, но многу е поважно дали се тие калории само „празни“ или ги внесувате преку здрави намирници, кои притоа ги согоруваат вашите масти. Секако, тоа не значи дека може само да ги јадете овие намирници и да очекувате дека килограмите ќе исчезнат. Но, ако вака се храните, ќе ви биде многу полесно да се ослободите од вишокот масти и да се чувствувате подобро.

Кефир

65120_shutterstock-84658717_630x0 (1)

Ферментираните намирници се одлични за слабеење, но и за целокупното здравје. Кралот на ферментираните млечни производи е кефирот. Тој содржи многу пробиотици кои можат да направат вашиот дигестивен систем да функционира многу подобро, а и со самото тоа многу полесно ќе ослабите. Секогаш може да се одлучите и за јогурт или кисело млеко, а ако сепак не ги сакате млечните производи – киселите краставички и туршијата имаат сличен ефект.

Лосос

40668_shutterstock-135962630_630x0

Оваа масна риба е голем фаворит помеѓу холивудските ѕвезди и манекенките затоа што брзо дава чувство на ситост и притоа изобилува со омега 3 масни киселини. Овие киселини не се одлични само за слабеењето, туку и за срцето, зглобовите и мозокот. Тука се и исто толку вредните омега-6 масни киселини, па лососот би требало редовно да биде вклучен во вашата исхрана.

Ореви

63261_profimedia0142691401_630x0

Намирница која содржи здрави, драгоцени масти кои главно содржат и релативно голем број на калории. Нажалост, токму поради тоа оревите често се избегнуваат, но тоа сепак не е правилен поглед на диетата. Оревите кои изобилуваат со омега-3 масни киселини, можат да бидат одличен сојузник на диетата, бидејќи го поттикнуваат согорувањето на маснотиите со контролирање на инсулинот. Притоа имаат и релативно низок гликемиски индекс, токму како и лососот.

Киноа

65340_kinoaprofimedia0178567482_630x0

Ако сакате да ја замените пченицата во вашата исхрана со некоја друга житарка, размислете за оваа јужноамериканска билка која е наречена „златото на Инките“. Киноата не е именувана како супернамирница без причина. Таа брзо заситува, дава доволно енергија, а притоа ќе ги обезбеди вашите црева со неопходните здрави бактерии. Може да се пронајде во сите подобро обезбедени продавници за здрава храна.

Сардина

65341_sardinaprofimedia0167623514_630x0

Оваа риба за жал не ја сакаат многу луѓе. Но, ако спаѓате меѓу оние кои ја сакаат, тоа е одлично.Освен што сардината е една од ретките риби која може да се пофали со ниска концентрација на жива, таа исто така изобилува со многу здрави омега-3 масни киселини. Покрај сето ова, претставува и одличен извор на витамин Б. Сардината ќе ви ги обезбеди сите неопходни здрави масти и протеини, па токму затоа би требало да ја консумирате секогаш кога сте во можност.

Кељ

65342_keljprofimedia0014130436_630x0

Секако, оваа билка која има дебели зелени листови претставува незаобиколна намирница во планот на секоја диета. Кељот е алкална намирница што значи дека ја намалува киселоста во организмот, а притоа е богата со благотворни влакна. Влакната се многу важни за слабеење бидејќи се забавува ослободувањето на глукозата и со самото тоа нема да се случат инсулински скокови. Покрај сето ова, кељот содржи и многу магнезиум и железо, кои го намалуваат хормонот на стрес во организмот.

Маслиново масло

5967_malsinovo-ulje-foto-Shutterstock_630x0

Заборавете на сончогледовото масло и путерот, па следниот пат кога ќе подготвувате нешто користете маслиново масло. Исто како и рибиното масло, изобилува со омега-3 масни киселини, па позитивно влијае на слабеењето и намалувањето на апетитот.

Зелен чај

11518_WEB_1500px_shutterstock_25902241_630x0 (1)

Денес наместо кафе напијте се шоља благотворен зелен чај. Тој ќе ви помогне во намалувањето на масните наслаги, а притоа и ќе ве освежи. Зелениот чај и помага при работата на тироидната жлезда и го подобрува метаболизмот, а тој ефект може да трае и до неколку часа откако ќе го испиете чајот.

Интегрален ориз

54093_profimedia0154841027_630x0

Следниот пат наместо обичен, бел ориз, купете интегрален. Тој има малку поинаков вкус, и потребно е подолго да се готви, но затоа пак е многу поздрав за конзумирање и вреди да го пробате. Тој може многу брзо да ве засити, а притоа содржи многу големо количество од минералот хром кој притоа помага во регулирање на нивото на шеќер во крвта. Исто така, тој помага во случај на инсулинска резистенција, а со самото тоа се намалува и таложењето на масните наслаги.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП