19 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕДва филџана кафе за подобар тренинг

Два филџана кафе за подобар тренинг

cup-of-coffee

Освен што расонува и го забрзува метаболизмот, кафето е одличен пијалак пред вежбање бидејќи го намалува напорот и заморот, потврди истражувањето на Британското здружение на љубители на кафе.

Експертите препорачуваат да се испијат два филџана кафе еден час пред тренинг, што ќе ја зголеми издржливоста за 30 отсто, вежбањето ќе биде поинтензивно, а самиот тренинг подолг.

Еден филџан кафе просечно содржи 100 милиграми кофеин, а оптимално треба да се испијат три до четири милиграми кофеин по килограм.

Кофеинот влијае на мозочните хемикалии задолжени за замор и го стимулира производството на енергија, со што се продолжува издржливоста.

Меѓутоа, експертите предупредуваат дека кофеинот може да има и негативни последици за организамот, како што се несоницата, главоболката и висок крвен притисок.

Според нутриционистот Џо Траверс, кофеинот е непредвидлив, затоа за време на тренингот е важно да се пие вода со цел да се спречи дехидрирање и преголемо загревање на телото.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП