26 април, 2024
ПочетнаДИЕТИДиета со јајца

Диета со јајца

jajcakjn43ry4yt

Диетата со јајца станала многу популарна кога неколку славни личности со помош на оваа диета успеале да изгубат многу килограми. Има тврдења дека поединци губеле и по 30 килограми за три месеци, а глумецот Адриан Броди изгубил 15 килограми подготвувајќи се за улогата во феноменалниот филм „Пијанист“. Тој објаснува дека следел одредена варијација на оваа диета каде јајца се јадат за доручек, помало парче пилешко на скара за ручек, и парче риба со зеленчук на пареа за вечера.

Диета со јајца – основи

На интернет може да се најдат десетици разни верзии од оваа диета. Сепак, овде се решивме за најпопуларната која не е само досадно јадење на една иста намирница односно јајца, туку се вклучени и други намирници

Практично ,може да се каже дека ова е една од варијациите на диетата на Д-р Аткинсон (Atkinoson) каде фокусот е на значително намален внес на јаглехидрати. Во оваа верзија на диетата се јадат две или повеќе јајца за појадок а со нив и зеленчук со мала содржина на јаглехидрати или некое посно месо како и грејпфрут.

Ручекот и вечерата вклучуваат или уште една порција јајца или мали порции пилешко и риба. Салатите и зеленчукот со малку јаглехидрати се дозволени додека овошjето е ограничено на едно до две парчиња дневно. Другите јаглено хидрати како што е лебот, тестенини и компир се строго забранети.

Следната верзија под името „Јајца и грејпфрут диета“ вклучува и јадење на половина грејпфрут со секој оброк. Остатокот од диетниот план е многу сличен на горе наведената варијанта.

Најекстремната варијанта на оваа диета вклучува конзумирање само на тврдо варени јајца и пиење на вода (што е секако, верзија за самоубијци или оние кои баш не се сакаат себе си, своето здравје и својот организам)…

 

Диета со јајца – препорачана храна

Јајца, посно месо, зеленчук со ниска содржина на јаглехидрати, билни чаеви (без шеќер) и вода.

Пример на диетен план

 

Појадок

– 2 варени јајца

– 1/2 грејпфрут

 

Ручек

– печено пилешко без кожичка

– зелена салата

 

Вечера

– омлет од 2 јајца со спанаќ и домати

 

Препораки за вежбање

Не постојат препораки за вежбање кај оваа диета

Диета со јајца – зошто да ја практикуваме

– високопротеински, нискохидратни диети помагаат при редукцијата на апетитот.

– високопротеинските диети го забрзуваат согорувањето на калориите.

– јајцата се добар извор на протеини и витамини.

– студиите покажале дека јадењето јајца за појадок го зголемува губењето на тежината.

Диета со јајца – зошто да НЕ ја практикуваме

– оваа диета не е здрав и балансиран пристап кон исхраната.

– цели групи намирници како и доста од зеленчукот се исклучени од исхраната.

– недостатокот на јаглехидрати може да ја наруши физичката активност.

– многу луѓе доживеале чувство на замор за време на првите денови на држењето на оваа диета додека организмот не се привикнал на намалениот внес на јаглено хидрати.

– јадењето поголема количина јајца може да предизвика затвор, појава на гасови и лош здив.

– монотоноста на диетата може значително да го намали ентузијазмот за нејзино држење.

– не е адекватна за здрав животен стил на исхраната.

– постои голема можност тежината да се врати кога ќе се помине на нормална исхрана.

Заклучок

Диетата со јајца всушност е брза диета, посебно верзијата во која не е дозволена нутритивна разновидност. Иако, најверојатно брзо се изгубат килограмите голема е веројатноста дека брзо ќе се вратат по враќањето на старата исхрана.

Очигледно, јадењето само на јајца не е здрав начин за намалување на тежината и екстремната верзија на оваа диета може да биде опасна по здравјето! Не се ризикува само во однос на внесот на нутритивите туку комплетното здравје.

Оваа диета прaктикувајте ја исклучиво кога ви е потребно брзо намалување на килограмите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП